за

Стартуваше производството на Skoda Rapid Spaceback

Во матичната фабрика на Skoda во Млада Болеслава денес започна производството на Rapid Spaceback, првата компактна комбилимузина на чешката марка.

Комбилимузинската изведба на Rapid е осма моделска премиера на Skoda во оваа година и воедно еден од стратешки најзачајните модели на марката. Специјално за производството на новиот модел беше зголемен капацитетот на погоните во Млада Болеслава, а се поставија и нови роботи за заварување. Rapid Spaceback ќе се произведува на истата линија со Fabia. Во матичната фабрика се произведуваат уште моделите Octavia, Octavia Combi и Rapid.

Rapid Spaceback ја пополнува понудата на Skoda со модел позициониран меѓу Fabia и Octavia. За прв пат Чесите нудат модел со класична комбилимузинска форма со пет врати во компакт класата. Стратезите на марката ја гледаат целната група за Spaceback во младите семејства.

Како дел од подготовките за производството на новите модели на Octavia/Octavia Combi и Rapid/Rapid Spaceback, во почетокот на 2013 во фабриката се инсталираше нова опрема за изработка на каросериските панели, целосно автоматизирана лакирница и нова преса. Од април функционира и новиот магазин за снабдување на производството со делови, како една од основите што овозможија производството на возила и мотори да постигне досега највисок степен на флексибилност и ефикасност. Премиерата на Skoda Rapid Spaceback е закажана за средината на идниот месец на салонот во Франкфурт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германски адвокат ќе го спасува Fisker

Jaguar XJR и XFR-S ја почнуваат играта на мачка и глушец