Jaguar XFR-S Sportbrake: Дива мачка за благородници со кусок на време

Jaguar XFR-S Sportbrake сигурно не е најевтиниот начин за вршење на секојдневните работи, но затоа е мошне елегантен. И исклучително брз, со 550 КС и прекин на довод на гориво при 300 km/h.

Благородната марка од островот понуди супермоќна верзија на своето комби од средната класа. XFR-S Sportbrake е моделот со когошто Британците ги напаѓаат Audi RS6 Avant и Mercedes E63 AMG T. За сето тоа да успее, Jaguar дополнително ја зголеми силата на осумцилиндарецот од пет литри од спортскиот модел XFR и дојде до 550 КС и 680 њутнметри. Во комбинација со осумстепен автоматик, моторот го катапултира спортското комби за 4,8 секунди до сто, а крајната брзина е ограничена електронски на 300 km/h.

jaguar-XFR-S-Sportbrake-nazad

За да се обезбеди неопходниот воздух, отворите во предниот браник се зголемени и се додадени и странични отвори. Предниот спојлер, оптимираниот заден спојлер и поголемите прагови помагаат спортското комби да остане на земја кога вози над 250 km/h. Дифузорот во подот дополнително го зголемува потисокот врз погонската оска.

Претходна објаваДобри и скапи: Велосипедите на BMW се исти како автомобилите
Следна објаваСиноќа Македонија повторно ги прославуваше автомобилите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here