Во возачката академија на Jaguar се „учи“ на Нирбургринг

Jaguar возачки тренинг

Следниот викенд во Германија започнува новата сезона на „Возачката академија“ на Jaguar, со којашто раководи поранешниот Ф1-возач Кристијан Данер. Паралелно започнува и фамозното тркачко такси. Станува збор за возење по патеката Нирбургринг на совозачкото седиште во Jaguar XE SV Project 8 или XJR575.

Сопственици на Jaguar можат да ги усовршат своите вештини зад воланот во три различни степени на тежина. Тренинзите соодветно се именувани со „Safety & Handling Competence“ (безбедност и вешто управување), „Track Competence“ (искуство од возење по патека) и „Race Competence“ (искуство од возење во екстремни услови).

Првиот вид на возачки тренинг се нуди на четири датуми, во центри за безбедно возење и на пробни патеки. За „track competence“ се предвидени два датуми на Нирбургринг (на патеката за ГП, каде порано се возеше Ф1) и на Билштер Берг.

https://photos.app.goo.gl/ReDAENMcSqpBHzid9

Врвот во програмата следи во јуни и септември, кога ден и пол се престојува на Нордшлајфе и се возат најсилните изведби на Jaguar F-Type. Постои можност да се користи и сопствениот автомобил, доколку е доволно моќен и брз за најпредизвикувачката тркачка патека во светот. Цените: Стандардната програма чини 1.250 евра, наем на F-Type SVR 575 чини екстра 1.400 евра. Доколку се ангажира личен тренер, тогаш крајната цена е 3.250 евра.

Посебна програма е предвидена за деца меѓу единаесет и 17 години. Jaguar ја вклучи оваа можност пред две години, за време на салонот во Франкфурт, нудејќи 90-минутно прво искуство зад воланот.

Тест: Jaguar E-Pace D180 AWD Base

Jaguar Land Rover испробува плаќање за информациите од возилото

Jaguar I-Pace е автомобил на 2019 година

Jaguar Land Rover отвори фабрика во Словачка

 

Претходна објаваЗошто електричниот Audi e-Tron GT звучи како V8 во новиот „Авенџерс“
Следна објаваЦелиот концерн Volkswagen со 60 млрд. € промет за три месеци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here