Фабриката на Jaguar Land Rover ќе остане затворена до август

Фабриката на Jaguar Land Rover ќе остане затворена до август

Фабриката во Мидлендс, во којашто се произведува Jaguar F-Type, останува затворена до средината на август, дознава Скај Њуз.

Една од клучните фабрики на Jaguar Land Rover во Британија ќе остане затворена најмалку до средината на август, поради потешкотиите со кои се соочува браншата, како и поради намалениот интерес во услови на корона-кризата.

Како што објавува Скај Њуз, најголемиот британски производител на автомобили испратил известување до своите добавувачи, дека фабриката во Касл Бромвич, во Мидлендс, ќе мирува најмалку до 10-ти август.

Продолжениот период на неактивност на фабриката што ги произведува Jaguar XE, XF и F-Type, ги отсликува лошите општи услови што ја погодија браншата. Bentley Motors претходно објави дека трајно отпушта вработени поради ситуацијата што се провлекува долго.

Индиските сопственици на Jaguar Land Rover, групацијата Tata Motors, се надева дека ситуацијата може да ја спаси растот на продажбата на моделите XE и XF што се произведуваат во продолжена верзија за локалниот пазар, во Кина.

Suzuki во поддршка на кампањата за преоѓање на мотоцикли во Британија

Suzuki во поддршка на кампањата за преоѓање на мотоцикли во Британија

Претходна објаваХибриден Mitsubishi има посебна функција за е-велосипедисти
Следна објаваКолку чини дополнителната опрема за новата серија 4 на BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here