за

Jaguar Land Rover отвори нов центар за развој во Дубаи

Новиот развоен центар во Ал Барша е четирипати поголем од постоечкиот и наменет е првенствено за тестови на издржливост и на изложеност на екстремна температура.

Со 1.033 метри квадратни, објектот во кој што ќе се работи на оптимизација на издржливоста и постојаноста на високи температури на моделите на Jaguar и Land Rover има четирипати поголема површина од постоечкиот објект, кој беше изграден во 2010 година. Покрај тоа, Дубаи нуди совршени делници за усогласување на работата на системите за погон на сите тркала, особено на песочна подлога.

Во последните дванаесет години, Jaguar и Land Rover редовно вршат тестирања во услови на екстремно жешка клима во регионот на Средниот Исток и во Северна Африка, а од 2010 година тежиштето е поставено на Дубаи.

Со летни температури од 48 до 50 степени, новиот тест центар во Дубаи ги нуди идеалните климатски услови за сите задолжителни тестови на екстремна жештина што се задолжителни во авто индустријата. Клима уредот и вантилацијата, но и другите делови од возилото што се чувствителни на топлина се изложуваат на екстремни услови во пустинската клима. Тимот во новиот центар ќе ја тестира издржливоста и на моторите и менувачите, на подвозјата и на системите за погон на сите тркала.

Jaguar Land Rover има уште четири тест центри на глобално ниво. На долгиот круг на Нирбургринг, познат како Зелениот Пекол или Северен Јазол, се вршат тестирања на подвозјето и на сопирачките, додека во шведскиот Арјеплог се тестира на студ. Другите два центри се во САД, едниот во Феникс, другиот во Интернешенал Фолс.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ во кавга околу емисијата на CO2 од автомобилите

Bosch и Mitsubishi соработуваат на новата генерација батерии