за

ЕУ во кавга околу емисијата на CO2 од автомобилите

Европската Унија бара автомобилите во иднина да испуштаат помалку CO2. Производителите и екологистите не можат да се спогодат околу начинот на кој што тоа ќе се постигне.

Производителите на возила и еколошките здруженија не успеаја да најдат заеднички јазик околу граничните вредности за CO2 во издувните гасови од автомобилите. Претставниците од земјите членки на ЕУ, Европскиот парламент и Комисијата на ЕУ денес во Брисел требаше да го утврдат начинот на кој што до 2020 година ќе се постигне целната вредност за 95 грами CO2 по километар. Веќе во 2015 година европските автомобили ќе мораат да го достигнат просекот од 130 грами од штетниот гас по километар.

Строгите норми би ги загрозиле првенствено премиум производителите, чија моделска понуда во најголемиот дел се состои од возила со големи и моќни мотори, со кои што достигнувањето на предвидената вредност од 95 грами CO2 и соодветното намалување на потрошувачката на гориво се невозможни без иновативна и скапа технологија. Тие бараат ЕУ да го стимулира нивното производство. Организацијата за заштита на животната средина Гринпис смета дека премиум производителите само непотребно креваат паника и тврди дека производителите на автомобили во минатото веќе покажале дека под притисок можат да ја смалат емисијата на СО2. Дел од производителите на возила, главно големоволуменските марки, уште сега се под границата од 130 грами СО2 што е предвидена да важи од 2015 година.

Голем спор владее и околу преговорите за возилата со особено ниска емисија на штетни гасови. Производителите би добивале таканаречени суперкредити, со кои што на пример возилата со погон на струја би се мултиплицирале во моделската понуда на одреден производител и на тој начин би можело полесно да се достигне поставената цел од 95 грами СО2. Екологистите сметаат дека овие суперкредити се апсурд во целата ситуација, затоа што ќе им овозможат на производителите емисијата на СО2 на возилата со обичен погон да се редуцира со помал интензитет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гинисов рекорд: Passat мина 48 држави во САД со 3 L/100 km

Jaguar Land Rover отвори нов центар за развој во Дубаи