Јагуар подготвува три модели со целосно електричен погон, останува само Ф-Пејс

Ф-Пејс е единствениот модел од тековната гама што останува во понуда, пред новите електрични модели на Јагуар

СУВ-моделот од средната класа Ф-Пејс ќе биде единствениот Јагуар што ќе остане во производство од тековната понуда од модели, пред британската марка да се префрли целосно на луксузни електрични автомобили.

Јагуар Ланд Ровер ќе ја зголеми својата маржа на профит откако ќе скуси пет модели на коишто постигнува ниска добивка, изјави извршниот директор Адријан Мардел пред инвеститорите.

Сите пет модели се Јагуари. Петте модели се лимузината од средната класа Икс Е, лимузината и комбито од вишата класа Икс Ф, спортскиот Ф-Тајп, компактниот СУВ-модел Е-Пејс и електричниот СУВ И-Пејс, соопштуваат претставници од компанијата.

СУВ-моделот од средната класа Ф-Пејс ќе биде единствениот модел на Јагуар што ќе остане во производство од тековната моделска понуда на марката.

Јагуар е на пат да прерасне во луксузна марка со целосно електрична понуда од модели. Новата генерација ЕВ ќе биде претставена в година.

За годинава е најавено прикажување на концептен автомобил во САД, еден од клучните пазари за марката.

Јагуар планира да лансира три нови модели со целосно електричен погон. Тие ќе бидат конструирани врз платформа што се води како Јагуар Електрифицирана Архитектура (ЈЕА).

Јагуар Ланд Ровер го прекинува производството и на единствениот постоечки модел со електричен погон, И-Пејс.

Се покачуваат цените

„Елиминираме пет производи, сите со пониска вредност. Не заработивме на ниту едно од тие возила, така што ги заменуваме со нови возила врз платформи што се конструирани од ново“, кажа Мардел за време на денот на инвеститорите, на 19-ти јуни.

Уккинувањето на петте модели ќе ја зголеми просечната цена по којашто се продаваат моделите на ЈЛР, кажа Мардел. Просечната цена во моментов изнесува малку над 70.000 фунти, според презентацијата на денот на инвеститорите на ЈЛР.

ЈЛР во финансиската година што заврши на 31-ви март објави најдобар годишен профит по 2015 година, во висина од 2,2 милијарди фунти, пред даноци, при рекорден промет од 29 милијарди фунти.

Автомобилскиот производител се врати во зоната на финансиска добивка, благодарение на „големата тројка“ модели што носат голема заработка, односно Рејнџ Ровер, Рејнџ Ровер Спорт и Ланд Ровер Дефендер.

Во второто тромесечје годинава, Рејнџ Ровер, Рејнџ Ровер Спорт и Ланд Ровер Дефендер учествуваа со 59 проценти во светската продажба на марката од 111.180 возила, објави ЈЛР.

Трите модели придонесуваат со 85 проценти во „вредноста“ на ЈЛР, наведува Мардел. Тој не појасни дали под вредност мисли на промет или на добивка.

„Ние ќе изгубиме производи, но тоа не се богатите модели,“ изјави тој пред инвеститорите.

Јагуар од април до завршетокот на јуни продаде 15.324 возила, наспроти 95.856 возила на Ланд Ровер, покажуваат бројките на ЈЛР.

Јагуар Ф-Пејс, единствениот модел што ќе преживее до следната година, беше најпродаван модел со 5.292 примероци, што претставува една третина од вкупната продажба на марката.

Доаѓаат нови електрични модели

ЈЛР во следните три години ќе лансира шест нови електрични модели, од кои три Јагуари.

Првиот модел, планиран за в година, ќе биде целосно електрична изведба од Рејнџ Ровер, за којшто ЈЛР наведува дека има 39.000 „покажувања на заинтересираност“ од потенцијалните купувачи.

„Тие ќе ги надополнат и заменат изворите на приход што се поскромни и ја смалуваат вредноста,“ кажа Мардел.

Крајот за моделите на Јагуар е клучен момент на патот на ЈЛР да прерасне во луксузен играч.

„Нашиот модел на бизнис не се состои во тоа да ги зголемуваме варијабилните трошоци за маркетинг (односно попустите) и фиксните трошоци за маркетинг, за нашите фабрики да ги држиме под полн капацитет,“ кажува Мардел. „Тоа беше масовен премиум модел. Нашиот модел е многу, многу поразличен и ни претстои голема можност за да брилјираме.“

ЈЛР на денот на инвеститорите кажа дека планира да ја зголеми продажбата на модели од скапоцени специјални серии, коишто достигнуваат вредност и до 1,5 милион фунти, во новата „хало стратегија“.

Специјални серии од Рејнџ Ровер веќе се во понуда, како моделот Садаф Ве-8, што чини 415.000 долари и ограничен е на 20 примероци за пазарите на Средниот Исток.

ЈЛР на 3-ти јули ја прикажа верзијата Окта од својот Дефендер. Луксузниот теренец чини 158.000 фунти и користи мотор Ве-8 што потекнува од БМВ, со моќност од 635 КС. Спринтот до темпо сто трае четири секунди.

Укинувањето на И-Пејс и Е-Пејс е уште еден удар за Магна Штаер. Двата модели се произведуваат во фабриката на производителот по налог во Грац, Австрија.

Магна Штаер претходно го изгуби и производството на Фискер Оушн, коешто беше откажано откако Фискер банкротираше.

Претходна објаваКако Мерцедес планира да ги поевтини батериите
Следна објаваАуди А5 користи нова платформа, има мазен дизајн, напреден софтвер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here