Jaguar се враќа во трка со електрична формула

I-Type е новиот автомобил на Jaguar, но тој нема да им се придружи на останатите модели во салоните на британската марка, туку ќе се трка во шампионатот во Формула Е, во „електричната формула“. Тоа ќе биде силен поттик за натамошниот развој на електричниот погон за сериските модели на Jaguar.

По повеќе од десетгодишно отсуство од шампионатот во формула 1, Jaguar се враќа во кралицата на мотоспортот, но овојпат во нејзиното електрично издание, во Формула Е. Во третата сезона на шампионатот во формула Е којашто почнува во октомври, британската марка ќе се натпреварува со својот прв тркачки автомобил со погон на струја, со I-Type 1.

Новиот тркачки болид на Jaguar беше претставен во Jaguar Collections Centre, како дел од стратегијата „Трка за иновација“, којашто има за цел да го популаризира електричниот погон, да го поттикне развојот на нова технологија и да ги инспирира младите генерации. Panasonic ќе биде главен партнер на Jaguar во развојот на електричниот погон во мотоспортот, додека главен спонзор е корпорацијата Lear, еден од водечките добавувачи во автомобилската индустрија.

Герд Мојзер, претседател на Panasonic Jaguar Racing, при лансирањето на тимот и болидот во Формула Е изјави: „Како прв премиум-производител во Формула 1 сме горди што се враќаме во врвната лига во мотоспортот. Иднината се менува и ние сме дел од тие промени. Со нетрпение чекаме да се натреваруваме во градските центри и да инспирираме цела нова генерација на фанови на Jaguar Racing да ни се придружи во ова возбудливо патување.“

Во претстојниот шампионат во Формула Е ќе учествуваат повеќе автомобилски марки, вклучувајќи ги Renault, Citroen (DS), Mahindra, Venturi, Faraday Future, додека од следната година и официјално пристига Audi со фабрички тим во возбудливиот шампионат со електрични болиди. Првата од 14-те трки во новата сезона се одржува на 9-ти октомври, во Хонг Конг.

 

 

Претходна објаваДобри тонови за дизелот: Оревокршачот со овој додаток звучи како спортски V8
Следна објаваГо познавате овој модел на Alfa Romeo?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here