Jaguar и Land Rover се враќаат во Македонија со нов увозник

Британските марки Jaguar и Land Rover се враќаат на македонскиот пазар по неколкумесечна пауза со новиот увозник Аутомобили Гроуп. Купувачите веќе можат да ги нарачуваат моделите на премиум марките, новиот објект е во изградба и се очекува неговото отворање да се случи во април следната година.

Премиум автомобилските брендови Jaguar и Land Rover се враќаат на македонскиот пазар. Аутомобили Гроуп e новиот официјален импортер и дистрибутер на овие возила за Македонија во соработка со Wallis Automotive Europe, вклучувајќи го и пазарот во Косово.

Генералниот директор на Аутомобили Гроуп, господин Кочо Бураку, на денешната конференција за печат која се одржа во ресторанот Four во скопскиот Градски Парк, по повод стартувањето со двете нови марки во портфолиото на компанијата изјави: „Нашето долгогодишно искуство во оваа индустрија ни дава за право да бидеме сигурни во успехот на Jaguar и Land Rover во Македонија и Косово: Побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент на премиум автомобили за целосно задоволство на клиентите.

Господин Кочо Бураку по оваа пригора им се заблагодари на Wallis Automotive Europe, официјалниот застапник на возилата на Jaguar и Land Rover за Адриатик регионот, за искажаната доверба и соработката со Аутомобили Гроуп.
Во подготовка е нов објект кој ќе опфаќа 680 метри квадратни и истиот ќе се состои од влезен простор, изложбен салон за Jaguar и за Land Rover, продажба, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила во сервис. Официјалното отворање на новиот салон ќе се случи во април следната година.

„Како што и најавивме во изминатиот период, денес би сакал да го истакнам моето задоволство од договорената соработка со еден навистина сериозен партнер, компанијата Аутомобили Гроуп, која ќе биде новиот овластен дистрибутер и сервисер за Jaguarи Land Rover на територијата на Македонија и Косово. Како што веќе знаете, британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија Wallis Аutomotive Europe, да ги претставува овие брендови во регионот Адриатик и тоа токму во овој возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст“, изјави генералниот директор на Wallis Automotive, господин Ендру Прест.

Jaguar годинава забележа пораст во продажбата од 82% и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. До завршетокот на тековната фискална година, Jaguar и Land Rover ќе комерцијализираат уште три нови модели, коишто ќе се придружат во најмладата моделска гама во премиум сегментот.

Претходна објаваНовата серија 5 на BMW e „најдобро конектиран автомобил во 2016“
Следна објаваМадрид со 500 електрични возила за изнајмување

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here