за

Мадрид со 500 електрични возила за изнајмување

Citroen обезбеди возен парк од 500 електрични возила во Мадрид, коишто жителите и посетителите на шпанската престолнина можат да ги изнајмуваат по цена од 19 евроценти за минута. Електричните автомобили го поштедуваат градот од штетна емисија, постапката за изнајмување е едноставна и брза, паркирањето е бесплатно.

Францускиот производител PSA и компанијата Vulog, специјализирана за технологија за краткотрајно изнајмување возила, стартуваа со својот прв заеднички проект во Мадрид. Партнерите им нудат на корисниците можност за изнајмување исклучиво возила со електричен погон. Возниот парк го сочинуваат 500 примероци од Citroen C-Zero, француска варијанта на Mitsubishi EV.

Проектот е дел од новата марка Free2Move, којашто производителот на Peugeot и Citroen ја стартуваше во септември. Планот е проектот наскоро да се прошири и во останатите европски метрополи.

https://www.facebook.com/emov.esp/videos/207364579723725/

За корисниците да се регистрираат за услугата, еднократно се плаќа 9 евра, а една минута користење на возилата чини 19 евроценти или помалку од 12 денари. Доколку возилото се користи цел ден, цената е 59 евра. Со овие цени, разбирливо е што „carsharing“ наидува на одлична прифатеност во европските метрополи, но и низ светот.

Електричните автомобили уживаат повластици во шпанската престолнина, меѓу другото и бесплатен паркинг. Услугата стартуваше во понеделникот и за нејзино користење се регистрирале повеќе од 3.000 корисници уште во првиот ден.

Возилата со погон на струја прераснаа во стандард во компаниите што нудат возила за краткотрајно изнајмување, почнувајќи од Car2Go (Daimler) или DriveNow (BMW), до Cambio и Flinkster. Според последните гласини, Daimler и BMW планираат да ги здружат своите услуги во ова подрачје.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar и Land Rover се враќаат во Македонија со нов увозник

Рекордна година за авто-браншата: За првпат над 80 милиони возила