Infiniti ќе им ја расипува забавата на Porsche Macan и BMW X3

Премиум марките штотуку се понадеваа дека нападот на X3, Q5 и GLC ќе заврши со Jaguar F-Pace, а сега и Infiniti најавува сериозно вмешување во битката. На салонот во Пекинг е наследникот на QX50.

Премиум марките на Германците долго време уживаа во превласта во средната класа на спортските теренци со Audi Q5, BMW X3, Mercedes GLK и со последниот Porsche Macan, сé додека не пристигна Jaguar F-Pace, но тоа беше само најава дека битката за купувачите штотуку ќе се разгорува. На салонот во Пекинг во почетокот на следната недела, престижната марка на Nissan ќе прикаже концепт на наследникот на QX50.

infiniti qx sport inspiration 2

Со спојот на спортски и елегантни елементи во стилот, Infiniti QX Sport Inspiration го следи примерот од браќата QX30 и QX70. Тоа што е највпечатливо кај идниот QX50 е моќниот преден дел, долгата хауба и линијата на покривот што се спушта како кај купе и завршува во издолжен заден столб. Моќните крила исто така ја нагласуваат динамиката на спортскиот теренец со каросерија долга 4,69 метри и меѓуоскино растојание од 2,83 метри.

Лани Infiniti имаше рекордна година во продажбата на европскиот пазар

Најавата за идниот сериски модел со концептот QX Sport Inspiration пристига во време кога Infiniti е во офанзива за зголемување на своето пазарно присуство на глобално ниво, што вклучува и освојување нови пазари на кои престижната марка на Nissan досега не беше присутна со повчепатлив интензитет.

infiniti qx sport inspiration 3

Околу техниката во идниот конкурент на X3 и Macan засега нема детали. Сепак може да се очекува дека Infiniti, како нов партнер на Mercedes, ќе користи платформа од модел на Германците, исто како што QX30 во основата не е ништо поразлично од модифицирана верзија на GLA. Според тоа, новиот QX50 би требало во најголем дел да се базира врз техниката од Mercedes GLC.

Претходна објаваНајпродаваните автомобили во Европа: Astra повторно во Топ 10
Следна објаваSaab 9-3: Шведскиот кабриолет што беше посилен и од турбото

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here