Корејците го претставија моделот Xcent на салонот во Делхи. Лимузината врз основа на i10ќе почне да се продава на индискиот пазар од следниот месец.
Исто како повеќето конкуренти и Hyundai влегува во популарниот сегмент на возила до четири метри на индискиот пазар со малечка лимузина. Основата на Xcent доаѓа од Hyundai Grand i10. Изгледот на малечката лимузина го следи новиот дизајнерски израз на корејската марка, кого што меѓу другите го користи и новиот i10.
Тоа што во опремата на возилото треба да ги одушеви индиските купувачи се клима уред, многу прегради за одлагање, собирање на ретровизорите со електромотори, сензори за паркирање, камера за рикверц и далечинско отворање на багажникот.
Моторите се преземаат од моделот Grand i10. Основен мотор е 1,2-литарски бензинец, на кого што наскоро ќе му се придружи 1,4-литарски мотор. Стартувањето е на копче, со доплата се нуди и автоматски менувач.