Производителите се натпреваруваат кој ќе го понуди најдобриот концепт на автомобил за индискиот пазар. Таму има голема иднина, Honda веќе одамна е присутна на пазарот.
Honda одржа премиера на концептниот автомобил Vision XS-1 на салонот на автомобили во Индија. Раководејќи се според концептот М/М (максимум за човекот, минимум за машината) на Honda, креативната студија обединува спортска каросерија и просторна кабина во компактна каросерија.
Со концептот Vision XS-1, јапонската марка покажува дека е способна да понуди иновативен каросериски пристап во развој на возило што е наменето за растечките пазари во светот, вклучувајќи ја Индија како еден од најважните меѓу нив. Клучни обележја на Honda Vision XS-1 се трите реда седишта во компактната каросерија и лизгачките странични врати, единечни на секоја страна на возилото.