Спортскиот теренец на Hyundai е автомобил на годината според honestjohn.co.uk, како автомобил кој најчесто е пребаруван на интернет порталот во последните 12 месеци.
Во третата година на прогласување на победниците на интернет порталот honestjohn.co.uk, Hyundai ix35 се покажа како автомобил што посетителите најчесто го пребарувале на порталот и со тоа моделот на корејската марка се квалификуваше за победник за 2012 година. Уредникот Ден Харисон изјави по тој повод: “Hyundai е марка што расте постојано и не покажува знаци на забавување. Секој месец има новитети од корејската марка и секој модел е подобар од претходниот. Во последните неколку години е постигнат огромен напредок во квалитетот и префинетоста, заедно со имиџот на марката. Затоа не е изненадување тоа што Hyundai е толку популарен на honestjohn.co.uk.“
Hyundai ix35 моментно е најстар модел во понудата на марката и се произведува во фабриката во Ношовице, Чешка. Во првиот квартал од оваа година, ix35 забележа раст од 31 процент. Теренецот е трет најпродаван модел на Hyundai во Велика Британија во 2012 година со повеќе од 11.000 продадени примероци и втор најпродаван модел во Европа.