за

Раст од 2% на априлската продажба во ЕУ

Европа ги објави продажбите на нови автомобили за април. Најмногу пораснаа Dacia и Seat, најголеми губитници се Alfa Romeo и Citroen.

Во земјите од ЕУ, продажбата на нови автомобили во април за прв пат забележа раст по септември 2011. Во април се продадоа 1.038.343 возила во ЕУ, што е за 1,7 процент повеќе отколку во ланскиот месец. Сметано од почетокот на годината, продажбата на нови возила достигна 4.026.946 примероци, односно за 7,1 проценти помалку отколку во истиот период лани.

Од големите пазари, пораснаа Германија ((+3.8%), Шпанија (+10.8%) и Велика Британија (+14.8%), додека опаѓање забележаа Франција (-5.3%) и Италија (-10.8%). Единствен волуменски пазар кој бележи зголемување на продажбата од јануари до април е Велика Британија, со 8,9 проценти.

На ниво на марки, Volkswagen е најпродавана марка, со 13,5 проценти пазарно учество, пред Ford и Renault. Големо искачување забележија марките Seat и Dacia, со раст од околу 30 проценти.

Продажба на нови автомобили во ЕУ за април 2013

Производител

Пазарно учество во %

Примероци

Промена во %

  1. VOLKSWAGEN

13,5

145.997

+6,2

  1. FORD

7,2

78.211

-0,6

  1. RENAULT

6,4

69.046

-1,3

  1. OPEL

6,4

69.040

+2,1

  1. AUDI

6,2

66.947

+8,9

  1. PEUGEOT

6,1

65.456

-7,5

  1. MERCEDES

5,2

56.258

+13,1

  1. BMW

5,0

54.172

-2,9

  1. CITROEN

4,9

53.459

-12,8

  1. FIAT

4,9

52.473

-4,0

  1. TOYOTA

3,9

42.156

+6,8

  1. SKODA

3,8

41.412

-1,2

  1. HYUNDAI

3,4

36.572

+1,8

  1. NISSAN

2,9

31.662

+6,7

  1. KIA

2,8

30.036

+6,4

  1. SEAT

2,6

27.803

+35,4

  1. DACIA

2,3

25.302

+27,6

  1. VOLVO

1,8

19.291

-4,7

  1. CHEVROLET

1,2

12.796

-27,8

  1. SUZUKI

1,2

12.731

+0,0

  1. MINI

1,1

12.355

-3,0

  1. MAZDA

1,0

10.833

+16,4

  1. HONDA

1,0

10.689

+5,2

  1. LANCIA/CHRYSLER

0,7

7.620

-18,7

  1. MITSUBISHI

0,7

7.446

+14,6

  1. LAND ROVER

0,7

7.364

+16,2

  1. SMART

0,6

6.662

-3,8

  1. ALFA ROMEO

0,5

5.853

-32,9

  1. JEEP

0,2

1.716

-25,2

  1. JAGUAR

0,2

1.703

+9,5

  1. LEXUS

0,1

1.513

-25,4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi има проблем со заглавување на воланот

Hyundai ix35 е автомобил на годината според Honestjohn.co.uk