за

Hyundai произведува со енергија од сонцето

Компанијата Hyundai ќе постави најголема површина под фотоволтаични сончеви колектори на територијата на Јужна Кореја заради зголемување на степенот на користење на енергија од обновливи извори.

Корпорацијата за производство на струја Kepco ќе постави соларни колектори на покривот на фабриката на Hyundai во Асан, а добиената струја ќе се дистрибуира во околните подрачја, вклучувајќи го и градот Асан. Површината од 213.000 метри квадратни ќе се покрие со модули кои зафаќаат 68 проценти од покривот, а нивниот вкупен капацитет изнесува 10 мегавати. Со овој капацитет може да се произведуваат до 11,5 милиони киловатчасови годишно, односно се обезбедува стабилно снабдување со струја на 3.200 домаќинства.

Изборот на Асан за реализација на проектот не е случаен. Во оваа фабрика се произведуваат хибридната изведба на Hyundai Sonata, покрај стандардните верзии на Sonata и на Grandeur.

За да произведе иста количина на струја, термоелектрична централа ослободува 5.600 тони јаглероден диоксид. Со избегнување на ослободувањето на оваа количина на СО2 се постигнува ист ефект како да се посадат 1,2 милион борови дрвја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Освежени кабриолетот и купето од класата Е на Mercedes

Британската полиција се вози на струја