за

Hyundai планира спортска подмарка

Според австралиските медиуми, Hyundai планира од 2015 година да пушти посебна подмарка за спортските варијанти на своите модели со цел да го зајакне имиџот на матичната марка.

Hyundai ќе го направи последниот чекор во насока на збогување со имиџот на продавач на автомобили со цена што е пониска од конкуренцијата. Како подготовка за тоа, од следната година Hyundai ќе се приклучи во светското првенство во рели со тркачка верзија на моделот i20, за една година подоцна во продажба да се понудат и соодветни спортски верзии на неговите модели.

Слично како што функционира филијалата за тјунирање Nismo на јапонската марка Nissan, така и во продажните салони на Hyundai ќе се најдат особено динамични модели под новата специјализирана подмарка. Соодветно на ангажманот во светкото рели, првиот модел од новата марка ќе биде базиран на i20, а подоцна ќе следат и навиени верзии на Veloster Turbo и Genesis Coupe.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota најави драстично поевтинување на погонот на водород

Менувачите ја доцнат испораката на новиот Jeep Cherokee