за

Менувачите ја доцнат испораката на новиот Jeep Cherokee

Купувачите на новиот Jeep Cherokee мораат да се стрпат додека производителот им ги испорача возилата. Проблеми прави ускладувањето на новиот 9-степен автоматик.

Почетокот на производството на новиот Cherokee првично се најавуваше за мај, потоа беше одложено за јуни, за на крајот да следи уште едно одложување за септември. Во меѓувреме се произведоа околу 12.000 возила, но ниту едно не е испорачано.

Проблемите доаѓаат од новиот автоматски менувач со 9 степени од ZF, кој што не ги менува степените доволно меко. Во следниот период ќе следи дотерување на работата на менувачите. Продажбата во Европа е предвидено да стартува во средината на следната година. Jeep Cherokee ќе доживее европска премиера на претстојниот салон во Женева, до кога би требало да бидат надминати и проблемите со менувачот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai планира спортска подмарка

Казна од 95.000 евра за брзо возење во Финска