Австриската марка мотоцикли Horwin претходно го привлече вниманието на сцената со ендуро моделот со погон на батерија. Следи едно скалило погоре, со новиот CR6 кој нуди перформанси и практичност на „125-ка“, но со сите предности на електричниот погон.
Horwin ја најавува новата генерација електрични мотоцикли. Сега веќе не се става нагласок само на електричниот погон, туку се зборува и за безбедност, возачко чувство, квалитет, досег и техника. Новитетите ќе бидат прикажани премиерни на традиционалниот салон за мотоцикли во Милано, прочуената ЕИЦМА. Салонот се одржува од 5-ти до 10-ти ноември.
Австриско-кинеската компанија има два новитети – Horwin CR6 и Horwin CR6 Pro. Тие се класифицирани во L3e/125 ccm и се одликуваат со ретро-изглед. Кратенката CR доаѓа од Cafe Racer, култна категорија мотоцикли од 1960-те години, кои повторно доживуваат голема популарност веќе извесно време.
https://photos.app.goo.gl/MN7zHDCG9zhGcdiq6
Посебност е тоа што изведбата Pro располага со 5-степен менувач. Тоа е светска премиера, не постои друг електричен мотоцикл со менувач со 5 степени. Идејата е на тој начин да се постигне поспортско чувство при возење.
Од компанијата посочуваат дека најголемата предност на нивните мотоцикли што се наменети за европскиот пазар е во тоа што истите се разликуваат од помалите возила што првично се замислени за кинескиот пазар и само се увезуваат во Европа. Тоа се однесува на димензиите, моќноста, изгледот, квалитетот, техниката и безбедноста.
Horwin CR6 постигнува досег до 150 километри
Батеријата на Horwin CR6 и CR6 PRO е вградена фиксно и дозволува досег до 150 километри на час. Тоа е вредност што може да се постигне при просечна брзина од 45 km/h. Со сопствениот полнач што е вграден во мотоциклот, батеријата може да се полни на обичен приклучок за струја. За три часови, батеријата на Pro се полни до 80 проценти, додека батеријата кај обичниот CR6 за тоа време ќе се наполни целосно.
Забрзувањето до темпо 60 трае шест секунди, крајната брзина е до 105 km/h. Светлата користат диодна техника, во кокпитот е вграден голем дисплеј, додека систем CBS се грижи за кус пат на сопирање. Гарантниот рок изнесува 2 две години.
Horwin CR6 ќе биде достапен на пазарите во Австрија и Германија кон крајот на ноември, со цена од 5.890 евра, односно 1.100 евра повеќе за CR6 Pro. Наспроти стандардниот модел, кој е достапен во црна, бела, како и во зелена или сина металик боја, Pro се нуди само во црна боја.
Името Horwin e акроним од компанијата Zhou Wei од Чангжу, Кина, и Хајнцл (групација Heinzl) од Австрија.
Технички податоци · HORWIN CR6
Мотор
-
Моќност: 7,2 kW
-
Производител на електромотор: HORWIN
-
Вртежен момент: 296 Nm
-
Најголема нагорнина: ca. 17° при поаѓање
-
Забрзување: 0–60 km/h за 6 sec.
-
Крајна брзина: 95 km/h
![]()
Сопирачки
-
CBS диск сопирачки: напред и назад
![]()
Рамка
-
Рамка: Легура од алуминиум и магнезиум
![]()
Димензии и тежини
-
Меѓуоскино растојание: 1395 mm
-
Должина: 2040 mm
-
Ширина: 770 mm
-
Висина: 1300 mm
-
Висина на седиште: 815 mm
-
Слободно растојание од подлога: 165 mm
-
Тежина: 134 kg
-
Предна гума: 100/80–17 CST M/C 52S E
-
Задна гума: 120/80–17 CST M/C 61S E
-
Седишта: 2
-
Носивост: ca. 170 kg
![]()
Батерија
-
Тип: Литиум јон
-
Енергетски ќелии: Panasonic 18650
-
Напон: 72 V
-
Капацитет: 55 Ah
-
Досег: 150 km (при просек 45 km/h)
-
Времетраење на полнење: 3h 0–80 %
-
Струја за полнење: 220 V/15 A
![]()
Карактеристики
-
Светла: LED (напред, назад, трепкачи)
-
Инструменти: Тркалезен класичен LCD, автоматска осветленост
-
Аларм: Да
-
Keyless Go: Да
![]()
















