Continental отвори фабрика за камионски гуми во САД

continental фабрика гуми мисисипи
continental фабрика гуми мисисипи

Производителот на гуми со премиум квалитет Continental отвори нова фабрика во Клинтон, Мисисипи. Фабриката ќе вработува 2.500 лица, стартот на производството се очекува во почетокот на следната година.

Новата фабрика на добавувачот на автомобилската индустрија и производител на премиум автомобилски гуми се наоѓа во Клинтон, во близина на Џексон, главниот град на американската сојузна држава Мисисипи. Во фабричкиот комплекс кој покрива површина од 400 хектари ќе работат околу 2.500 лица, откако фабриката ќе го достигне полниот капацитет во текот на следната деценија. Од почетокот на следната година, тука ќе се произведуваат големи камионски и автобуски гуми за пазарот во САД.

Комплетирањето на изградбата на фабриката, којашто отпочна во 2016 година, претставува голем чекор во реализацијата на долгорочната стратегија за раст „Vision 2025“ на огранокот за производство на автомобилски гуми на Continental.

Пазарната побарувачка за нови камионски и автобуски гуми, како и за протектирани гуми, расте на глобално ниво во текот на целава деценија. Continental реагира на зголемената побарувачка со проширувањето на своите производствени капацитети во САД, со фабриката во Клинтон.

Ова е прва нова фабрика на Continental во светски рамки, којашто е специјализирана за камионски гуми.

https://www.instagram.com/p/B1hd3JgBqTB/

Претходна објаваMercedes е највредна премиум автомобилска марка во светот
Следна објаваЕлектро-мотоциклите Horwin со интересен новитет за салонот во Милано

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here