Honda NSX против Nissan GT-R на споредбен тест на Auto Bild

Фото: AUTO BILD

Под насловот „Посилен од Годзила“, магазинот Auto Bild го објавува споредбениот тест на новата генерација на Honda NSX и Nissan GT-R. Во овој дуел на јапонските гиганти се соочуваат 581 КС на NSX против 570 КС на GT-R, но и комплетно различни погонски стратегии. На предната оска на NSX работат електромотори. Дали тоа ќе донесе победа за Honda во оваа споредба?

Nissan GT-R не го носи случајно прекарот „Годзила“. Уличниот монструм ги напаѓа и Porsche и Ferrari и сé што ќе му се најде на патот. „Никој не може да ги понижи останатите спортски автомобили толку дрско како брахијалниот болид од Јапонија“, пишува магазинот Auto Bild во споредбениот тест меѓу Nissan GT-R и новата Honda NSX. Очекувањата се дека NSX би можел да му одржи лекција на мрзоволниот GT-R. „Honda повеќе е фина отколку неандерталска и поради средишно вградениот мотор изгледа како вистински суперспортски автомобил, место како ’насадена хаубица‘“, пишува Auto Bild.

Во NSX работи V6 со битурбо натполнење и три електромотори, за вкупно 581 КС и 546 њутнметри. Обата модела располагаат со погон на сите тркала, со таа разлика што Honda за предните тркала користи по еден електромотор со 37 КС. За задните тркала се грижи бензинецот, но не сам, туку и тој со дополнителна помош од електромотор со 48 КС.

Тест-вредности на Auto Bild од споредбата на NSX и GT-R

Измерени вредности Honda Nissan
Забрзување
0–50 km/h 1,4 s 1,4 s
0–100 km/h 3,2 s 3,2 s
0–160 km/h 6,9 s 6,9 s
0–200 km/h 10,6 s 10,8 s
Меѓузабрзување
60–100 km/h 1,5 s 1,5 s
80–120 km/h 1,8 s 1,8 s
Празно возило/ Носивост 1762/233 kg 1793/407 kg
Распределба на тежина нап./наз. 42/58 % 55/45 %
Круг на вртење л./д. 12,4/12,2 m 12,2/12,4 m
Пат на сопирање
од 100 km/h студ. 37,0 m 35,4 m
од 100 km/h загр. 35,2 m 34,9 m
од 200 km/h загр. 141,6 m 139,4 m
Бучава во кабина
при 50 km/h 61 dB (A) 63 dB (A)
при 100 km/h 70 dB (A) 70 dB (A)
при 130 km/h 74 dB (A) 75 dB (A)
Потрошувачка на тест – CO2 10,3 l – 244 g/km 12,7 l – 302 g/km
Досег 570 km 580 km

Nissan користи траксакцијална погонска спрега, што значи со менувач на задната оска. Во GT-R целата работа ја врши V6 со битурбо натполнење. Магазинот го опишува различниот карактер: „Додека Honda само грепка напред, Nissan притиска до 50 проценти од својата моќ нанапред. Тоа има предности на излез од остри својоци, но во брзи свијоци влече нанадвор. Во целина, се чувствува дека GT-R испорачува повеќе сила напред и е потежок.“

Повеќе од половина секунда разлика на тест-патеката за управливост

Наспроти тоа, NSX се однесува како со заден погон, односно ги фаќа свијоците со надуправување. „Таа сака да сврти и при нагло одземање гас, но со мека најава. Ако се претера со воланот, опашот повторно лизга. Но, сето тоа се одвива течно и никогаш неочекувано, што на крајот претставува големо уживање,“ Auto Bild ги пофалува возните својства на Honda. Тоа се докажува и во времињата на круг. Таа ја извозе тест-патеката за 1:31,27 минута, додека на „годзила“ му беше потребна 1:31,95 минута.

Технички податоци Honda Nissan
Модел NSX GT-R
Мотор V6, битурбо, средина надолжно V6, битурбо, напред надолжно
Зафатнина 3493 cm³ 3799 cm³
kW (КС) при 1/min 372 (507)/6500 419 (570)/6800
Nm при 1/min 550/2000 637/3300
Електромотори три со 48/37/37 КС
Системски врт. момент 646 Nm
Системска моќност 427 kW (581 PS)
Vmax 308 km/h 315 km/h
Пренос 9 степени, со двојна спојка 6 степени, со двојна спојка
Погон На сите тркала  На сите тркала
Гуми на тестот 245/35 ZR 19 Y 305/30 ZR 20 Y 255/40 ZRF 20 Y 285/35 ZRF 20 Y
Модел на гуми Continental SportContact 5P SP Dunlop SP Sport Maxx GT600 DSST
Бандажи 8 x 19″/11 x 20″ 9,5 x 20″/10,5 x 20″
CO2 228 g/km 275 g/km
Потрошувачка* 10,0 l/100 km 11,8 l/100 km
Потрошувачка на тест
Спортско возење** 14,6 l 18,2 l
Тест*** 10,3 l/100 km 12,7 l/100 km
Штедлива тура**** 7,9 l/100 km 10,0 l/100 km
Резервоар 59 l 74 l
Бучава во возење 69 dB (A) 68 dB (A)
Багажник 110 l 315 l
Димензии Д./Ш./В. 4487/1939/1204 mm 4710/1895/1370 mm
Цена на тест возило 196.500 Euro 99.900 Euro
* град/пат/просек на 100 km (производител); ** 54 km автопат, од тоа 20 km полна гас; *** Просек на стандардна тест рута од 155 km на AUTO BILD; **** 101 km град и на отворено со умерена гас

Бензинецот во NSX врти релаксирано до 7.500 вртежи, а електромоторите имаат задача да ја компензираат турбо-дупката. „При додавање гас, 3,5-литарецот се претвора во гигантски цицач“ –  како што Auto Bild ги нарекува атмосферските мотори. Големи пофалби и за деветстепениот менувач со двојна спојка. Магазинот го оценува како „врвен погон“. Притоа и потрошувачката се држи во граници. Просекот на тестот изнесува 10,3 литри. Nissan троши речиси 2,5 литри повеќе. Auto Bild: „Покрај тоа, моторот V6 во GT-R не звучи толку заканувачки“. Nissan остава впечаток дека забрзува многу подобро и јури кон брзината од 300 km/h како луд. „Единствено брзите свијоци не му лежат толку добро на Годзила. Да се надеваме дека сега нема да се налути“, коментира германскиот магазин.

Заклучокот на Auto Bild

„Иако NSX ја извозе патеката само за нијанса побрзо од GT-R, Годзила на крајот е поразен. NSX предизвикува одушевување и брзинскиот лимит му е мошне високо, со предност над GT-R во сите подрачја. Но, Honda чини двапати повеќе од Nissan. Со тоа, NSX никогаш нема да ја достигне големината на заедницата на фанови на карактерниот Годзила.“

Претходна објаваЕвропските фабрики работат со најголем капацитет, јапонските заостануваат
Следна објаваДали знаете дека постојат BMW M3 пикап, комби и компакт?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here