за

Honda Jazz е уште една важна премиера на салонот во Токио

Honda_Jazz_najava-Tokyo
Honda_Jazz_najava-Tokyo

Станува мошне раздвижено меѓу градските автомобили. По француско-германското трио 208-Corsa-Clio, сега се буди и јапонската комбинација. Toyota штотуку изненади со комплетни информации и слики на новиот Yaris, а веднаш реагира и Honda, која сака повеќе да ги држи работите во тајност до премиерата на новиот Jazz на јапонскиот салон.

Кога ќе се спомнеше марката Honda во последнава година, асоцијациите веднаш паѓаа на електричната Honda E. Јапонците сепак имаат и други важни модели, Jazz на пример. Моделот што со генерации наназад поседува апсолутно најголема практичност и приспособливост во класата на градските автомобили, есенва преоѓа во нова генерација. Honda засега ја објавува единствено фотографијата во којашто се наѕира силуетата на новиот Jazz, но има и неколку зборови.

Моделот е конструиран првенствено да понуди повисок возен комфор за патниците и поголемо уживање за возачот. Првпат на европскиот пазар, jazz ќе биде достапен само со хибриден погон, којшто од една страна ги обезбедува перформансите кои се очекуваат од марката што е „изникната“ од мотоспортот, а во исто време ќе понуди и примерна штедливост, во стилот на традицијата на VTEC & Co.

Додека новиот Honda Jazz ја доживува својата светска премиера на салонот во Токио на 23-ти октомври, во исто време Honda во Амстердам ќе објави нови детали за своите планови за електрификација на моделската понуда. Настанот ќе се пренесува во живо на каналот на Honda на јутјуб, со почеток во 12:30 часот.

Франкфурт 2019: Honda E по иста цена со CR-V

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW серија 2 Gran Tourer

Серијата 2 на BMW отсега вози и како Gran Coupe

toyota land cruiser retro klasiks (6)

Toyota останува највредна автомобилска марка, Mercedes и BMW следат