за

Honda ќе поставува рекорд во штедливост низ 24 европски земји

На патување долго 13.000 километри низ 24 држави на ЕУ, Honda ќе ја докажува штедливоста на 1,6-литарскиот дизел, во обид да постави нов светски рекорд во штедливост, со стандарден Civic Tourer.

Во понеделник, на 1-ви јуни 2015, двајца членови од европскиот тим за истражување и развој на Honda ќе го почнат историското возење стартувајќи од белгискиот град Алст. Нивното патување ќе продолжи кон Холандија и Германија, од кадешто ќе следува обиколка на целиот европски континент во насока на стрелките на часовникот, за патувањето да заврши по 25 денови, на 25-ти јуни, по планирани 13.614 километри.

Серија интерни тестирања докажаа дека 1.6 i-DTEC е поштедлив од конкуренцијата

Обидот да се постави нов рекорд во штедливост следува откако беа извршени неколку независни тестови во коишто се покажа дека 1,6-литарскиот дизел на Honda е далеку поштедлив од моторите на конкуренцијата во реални услови на возење. Досега не е направен обид за поставување светски рекорд во штедливост на европска почва.

Фергал Мекграт и Џулијан Ворен од фабриката на Honda во Свиндон, Велика Британија, во просек ќе мораат да возат по 592 километри дневно, односно по 7,5 часови секој ден. По повеќе од 170 часови зад воланот на Civic Tourer, двајцата возачи ќе се вратат на појдовната точка, во Брисел.

Штедливоста на 1,6-литарскиот дизел ќе се докажува на маратон од 13.000 километри
Штедливоста на 1,6-литарскиот дизел ќе се докажува на маратон од 13.000 километри

Според правилата на „Гинис“, автомобилот ќе мора да мине низ секоја од 24-те држави на патувањето, што ќе се докажува преку дневник на полнење гориво и километража, сателитски координати, видео снимки, фотографии и потписи од независни сведоци. Возилото за рекордот е опремено со уред за следење Tracker, којшто обично се користи за телематско следење на возни паркови, како и за откривање на украдени возила. Податоците од уредот на крајот ќе бидат доставени на „Гинис“. Напредувањето на рутата ќе може да се следи во живо на http://www.tracker.co.uk/RealFuelChallenge

Автомобилот е стандарден, без какви било преправки што можат да влијаат врз потрошувачката на гориво. Целото патување мора да биде по копнен пат, поради што рутата не може да ги опфати островските земји Велика Британија, Ирска, Кипар и Малта. Правилата исто така пропишуваат резервоарот секогаш да се полни до врв, заради избегнување калкулации со тежината на возилото.

Кејт Сакстон од Honda Motor Europe коментира: „Од лансирањето во 2013 година, моторот 1.6 i-DTEC постојано ја потврдува ефикасноста во реални услови на возење во нашите модели Civic, Civic Tourer и CR-V, а ова е одлична можност за нас да го докажеме тоа. Убедени сме дека ќе постигнеме одличен резултат и на тимот му посакуваме многу среќа во предизвикот.“

Земјите коишто се опфатени во маратонската рута: Австрија, Белгија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.

honda ginisov rekord

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota вреди 28,9 милијарди американски долари

Toyota Auris со нов изглед и со нови мотори