за

Honda и Google заеднички ќе развиваат технологија за автономно возење

Автомобилите што управуваат самостојно ги поставуваат производителите пред големи предизвици. Соработките меѓу повеќе партнери се неопходни, поради сложеноста на технологијата. Honda моментно е во преговори во интернет-гигантот Google, за заеднички развој на технологија што ќе го заменува возачот зад воланот.

Јапонскиот производител на автомобили Honda и американскиот интернет-концерн Google преговараат за соработка во развој на возила со технологија за автономно возење. Доколку преговорите завршат успешно, инженерите на обете претпријатија во иднина ќе воспостават целосна соработка.

Alphabet, мајчинскиот концерн на Google, неодамна објави дека се откажува од развој на сопствено возило со автономна технологија и ќе се посвети првенствено на изработка на софтвер за овие возила. За таа цел, концернот основаше посебна фирма под името Waymo, којашто сега почнува да воспоставува соработки со производителите на автомобили. Honda пристига како втор партнер, по Fiat Chrysler, којшто ќе ја вградува техниката од Google во моделот Chrysler Pacifica.

Соработките во ова подрачје се вообичаени поради високите трошоци, но и поради неопходните експертизи за автомобилите што управуваат самостојно. BMW, на пример, соработува со IBM, додека други компании, како Ford или General Motors, се ориентираат на сопствен развој на технологијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Португалија ќе ја добие гигафабриката за батерии на Tesla?

Octavia Scout го заокружува моделското освежување на бестселерот на Škoda