за

Португалија ќе ја добие гигафабриката за батерии на Tesla?

Tesla најави изградба на фабрика за батерии на европска територија. Португалија смета дека има одлични шанси да биде избрана како локација за европската гигафабрика. Таа е шести најголем производител на литиум во светот, а покрај тоа и работната рака е поевтина отколку во останатите европски земји.

Португалија сака да биде избрана како локација за европската фабрика за батерии на Tesla. Отворањето на фабриката ќе значи 17.000 нови директни и индиректни вработувања, како и инвестиција од околу пет милијарди евра. Повеќе држави досега се вклучија во трката, меѓу кои Шпанија, Франција и Холандија, иако засега не е потврдена големината на фабриката, ниту пак што таа ќе произведува.

Кога Volkswagen и Ford пристигнаа во Португалија пред 25 години, за производство на заедничките ванови Sharan и Galaxy, државата им овозможи бесплатно користење на инфраструктурата, долгогодишно ослободување од данок, но и солидна субвенција од ЕУ.

Португалија сепак има големи шанси да ја добие фабриката на Tesla. Квалитетот на добавувачите е на европско ниво, а работната рака е значително поевтина отколку во останатите европски држави. Земјата располага и со модерни пристаништа за транспорт на производите, но многу е поважно тоа што Португалија е шести најголем производител на литиум во светот, како основна суровина за производство на батерии.

Калифорнискиот производител на електрични автомобили ќе решава в година околу изборот на локацијата за фабриката. Првата гигафабрика за производство на батерии за електрични автомобили е во изградба во американската сојузна држава Невада.

Најголеми производители на литиум во светот

  Држава Количина во мегатони
1 Австралија 13.400
2 Чиле 12.900
3 Аргентина 3.800
4 Кина 2.200
5 Зимбабве 900
6 Португалија 300
7 Бразил 160
8 САД

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi го најавува идниот Q8 преку концептен автомобил во Детроит

Honda и Google заеднички ќе развиваат технологија за автономно возење