за

Honda продаде повеќе, заработи помалку

Во последните три месеци, јапонската марка продаде повеќе возила, а заработи помалку отколку во истиот период лани. Тоа се должи на скапиот развој на нови модели. Марката го задржува оптимизмот.

Honda ја зголеми оперативната добивка во првиот квартал од актуелната деловна година, благодарение на слабеењето на јенот. Во периодот меѓу април и јуни, добивката на јапонскиот производител се зголеми за 5,1 проценти на околу 1,4 милијарди евра, како резултат на мерите за намалување на трошоците, а вкупниот промет се зголеми за 16,3 проценти. Во завршната сметка, Honda заработи седум проценти помалку отколку во истиот квартал лани. Јапонците го објаснуваат тоа со високите трошоци за развој на нови модели и со инвестициите во новите капацитети. Тоа не го нарушува планот на Honda да ја заврши деловната година со нето добивка од 580 милијарди јени, односно 58 проценти повеќе отколку лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Невнимателното качување на тротоар ги уништува гумите

Стартува втората етапа на Платнер: 2700 километри со 100 евра за гориво