за

Стартува втората етапа на Платнер: 2700 километри со 100 евра за гориво

Шампионот во штедливо возење ја почна втората етапа на петтдневното возење од 2.700 километри од Виченца до Стокхолм. Платнер планира да потроши помалку од 100 евра за метанот.

Првото запирање за дополнување на резервоарот беше во близина на Брно. По 204 километри во резервоарот собра 5,62 килограми метан, што дава просек од 2,75 килограми од еколошкото гориво за 100 километри. Цената за горивото: 6,37 евра. Платнер продолжи кусо преку Унгарија, за да запре во фабриката на Skoda Citigo во Братислава. Дождот не го израдува рекордерот.

„Дождот е лош за потрошувачката, затоа што гумите мораат пред себе да ја потиснуваат водата, што претставува дополнителен отпор“, коментира Австриецот. Околу тајните на неговото штедливо возење, тој открива: „Постојат различни пристапи. Некои возат со постојана брзина на рамно. Јас практикувам постепено забрзување до темпо 100 и потоа отпуштам. Така и возењето ми е поинтересно на долгите етапи.“ Другите правила за штедливо возење се познати: Да се избегнуваат високи вртежи при забрзување и по можност да се префрлува во следниот степен уште пред 2.000 вртежи. Одржувањето ниски вртежи е најдобрата метода за постигнување штедливо возење.

Во Братислава, рекордерот повторно го дополни резервоарот. Трошокот за 5,46 килограми метан по 231 километри изнесуваше 145,2 круни, односно 5,61 евро. Просекот за оваа делница е 2,36 килограми метан на сто километри. Патувањето продолжи до седиштето на Skoda во Млада Болеслава, со 925 изминати километри и просек од 2,5 килограми метан. Денес се вози за Берлин, а потоа до Рошток.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda продаде повеќе, заработи помалку

Брисел одобри 600 милиони евра за PSA Peugeot Citroen