Honda го враќа родстерот S2000 како конкурент на Mazda MX-5

Обновата на понудата од спортски модели на Honda предвидува враќање на отворениот двосед со заден погон S2000. Со посилни мотори од MX-5 и близнакот Fiat 124, идниот родстер ќе постави нови репери во сегментот.

Honda е најголемиот „тркач“ на пазарот во 2015 година меѓу водечките пет марки на глобално ниво, со раст во продажбата од 3,1 проценти во првите три квартали од годината, и шефовите секако дека ќе го искористат фатениот залет да го дополнат тоа што во последните години отсуствуваше во понудата од модели. Родстерот S2000, на пример, како конкурент на Mazda MX-5 и сестрата близначка Fiat 124.

Спортските модели на Honda паднаа како жртва на финансиската криза во 2009 година. Денес Honda е во подобра форма од кога било досега
Спортските модели на Honda паднаа како жртва на финансиската криза во 2009 година. Денес Honda е во подобра форма од кога било досега

Отворениот двосед со заден погон беше претставен во 1999 година и се прослави со своевремено најмоќниот атмосферски мотор, исто како и со врвните возни својства кои произлегуваа од бескомпромисната конструкција со мотор зад предната оска, погон назад и двојни триаголни водилки на сите тркала. Втората генерација пристигна во 2004 година и остана во производство пет години, кога компанијата реши да се ориентира на еколошките погонски концепти и на моделите за масовна продажба.

Но, спортскиот ген на Honda не мирува и Јапонците веќе ја подготвуваат третата генерација на S2000. Инженери на компанијата неодамна присуствувале на клупска средба на сопственици на S2000 во Британија, со цел да ги слушнат коментарите и уште подобро да го позиционираат идниот модел според реакциите на ентузијастите.

Екстремна спортска верзија Type R со дволитарскиот турбо од Civic

Третата геерација на S2000 ќе го задржи принципот со мотор зад предната оска и погон назад, со 1,5-литарски мотор со турбонатполнење и 180 КС во основната изведба, како и со дволитарскиот мотор со турбонатполнење и 310 КС од актуелниот Civic Type R, во екстремната верзија со подвозје дотерано до крајни граници и механичка блокада на диференцијалот на задната оска, која што ќе ја прошири понудата на модели Type R на Honda.

honda s2000 00002Главниот предизвик со кој се соочуваат техничарите е отсуството на платформа со заден погон, поради што мора да се развива посебна платформа, а тоа ќе се рефлектира и врз цената на идниот родстер. Од друга страна, Honda во моментов работи на повеќе проекти на спортски модели, вклучувајќи и мини изведба на суперспортскиот NSX, така што новата платформа сепак би се користела за повеќе модели.

Повисоката цена на родстерот нема да претставува пречка на пазарот во САД, каде што Honda ќе го комерцијализира идниот S2000 под премиум марката Acura, како конкурент на BMW Z4 и Audi TT Roadster.

Претходна објаваДанска ја има најголемата автоматска гаража во Европа
Следна објаваLamborghini Huracan LP 580-2 се враќа „назад“ на корените

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here