Европскиот автомобилски пазар се смени и допрва ќе се менува. Хибридите и натаму се најпродавани возила со електрифицирана погонска спрега, со двојно повисока продажба во споредба со „електричарите“. Но, овие напредуваат вртоглаво. Дизелот дефинитивно исчезнува.
Продажбата на автомобили на европскиот пазар во јуни постигна 1,49 милион возила. Аналитичарите го објаснуваат падот од близу осум проценти во споредба со истиот месец лани со колебањето на широк круг купувачи, кои досега традиционално избираа модели со дизел мотор, на кого што Европа му го сврте грбот.
Кризата за дизелот се покажува најдобро во Скандинавија, кадешто електричните автомобили за првпат се продадоа во поголем број од возилата со дизел мотор. Во бројки, четирите скандинавски пазари регистрирале 52% помалку дизели во јуни, односно вкупно 20.092 возила.
Уделот на дизелот на европскиот пазар во јуни изнесува само 31 проценти. Тоа е нзмалување за 21% во споредба со истиот месец лани, додека во исто време електричните напредувале за 20%. Возилата со погон само на батерија сепак се далеку од тоа да станат доминантна погонска спрега во делот на автомобили со алтернативен погон.
Toyota и нејзината премиум марка Lexus покриваат 72% од вкупната продажба на хибридни возила
Таму е јасна доминацијата. Хибридите во јуни забележале продажба од 62.400 возила на 22 најголеми пазари во Европа. Наспроти тоа, електричарите имаат 33.800 продажби. Кај плагин-хибридите веќе има јасни знаци дека купувачите повеќе ги ценат класичните хибриди или „батериските“ возила. Со само 12.600 продадени автомобили, плагин хибридите во јуни имале пад од 39 проценти.
Во статистиката уште не се појавуваат моделите со таканаречен благ хибриден погон, коишто користат стартер-генератор и го постигнуваат главниот ефект во градски услови на возење. Повеќе држави во Европа ги привилегираат и тие возила, имајќи го предвид нивното позитивно влијание врз зачувувањето на квалитетот на воздухот во градските средини, со пониски трошоци при регистрација, ослободување од акциза и други поволности.
Топ 5 Најпродавани хибриди во Европа во јуни
Вкупно хибридни возила |
62.400 (+17%) |
Toyota Corolla |
13.083 |
Toyota RAV4 |
8.772 |
Toyota C-HR |
8.678 |
Toyota Yaris |
7.613 |
Hyundai Ioniq |
3.139 |
Топ 5 Најпродавани плагин хибриди во Европа во јуни
Вкупно плагин хибридни возила |
12.600 (-39%) |
Mitsubishi Outlander |
3.528 |
Mini Countryman |
1.109 |
Kia Niro |
1.010 |
BMW 2 Active Tourer |
922 |
Mercedes E-Class |
811 |
Топ 5 Најпродавани електрични автомобили во Европа во јуни
Вкупно електрични автомобили |
33.800 (+104%) |
Tesla Model 3 |
11.256 |
Renault Zoe |
4.795 |
BMW i3 |
2.478 |
VW e-Golf |
2.294 |
Nissan Leaf |
2.243 |