Harley-Davidson во партнерство со Кина и покрај критиките од Трамп

harley davidson производство кина
harley davidson производство кина

Култната марка мотоцикли Harley Davidson планира да произведува помали модели на мотоцикли за азискиот пазар, во соработка со кинеската фирма Qianjiang. Тоа нема да му се допадне на американскиот претседател Трамп.

Американскиот производител на мотоцикли Harley Davidson започнува партнерство со компанија во Кина и покрај острите критики од претседателот Трамп. Традиционалната марка најави дека ќе произведува помали модели на мотоцикли за азискиот пазар, во соработка со компанијата Qianjiang.

Веста нема да го израдува американскиот претседател Трамп, кој повеќепати досега му се закануваше на Harley-Davidson, поради плановите за преселба на дел од производството надвор од САД. Трамп ги подржуваше и неколкуте повици на бојкот на своите подржувачи, против фирмата од Милвоки, со традиција стара 116 години.

Опаѓа продажбата на Harley-Davidson на домашниот пазар

Harley-Davidson веќе има доволно проблеми. Покрај тоа што трпи штети од царинската политика на Трамп, компанијата се соочува и со пад во продажбата, особено на домашниот пазар. Најголемиот проблем е во тоа што помладите генерации не се интересираат за мотоциклите на Harley-Davidson, додека во исто време расте старосниот просек на матичната клиентела.

Претходна објаваMercedes-AMG GT3 со вродени гени на победник
Следна објаваSandero во европски Топ 3, Corolla модел со најголемо искачување

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here