за

Great Wall отвори четврта голема фабрика во Кина

Бизнисот напредува брзо во кинескиот концерн Great Wall, моментно најактуeлен по хит СУВ-моделот Haval H6.

Great Wall отвори четврта голема фабрика во Кина

Врвниот менаџмент на концернот Great Wall Motors го одбележа почетокот на новата фабрика за производство на автомобили во Џингмен. Покрај автомобили, во кругот на фабриката ќе се произведуваат и клучните компоненти и воедно ќе се подржува развојот на пратечките индустриски гранки.

Целта е новата фабрика во Џингмен, во провинцијата Хубеи, да прерасне во центар од кого што понатаму ќе се шири автомобилскиот индустриски кластер во Џингмен Сити. Тоа ќе придонесе за индустриска трансформација и ќе биде нов поттик за локалниот развој.

Фабриката покрива површина од 1.831 му, односно околу 122 хектари. Производството ќе биде организирано според најнапредните технолошки стандарди на „Индустрија 4.0“. Фабриката се состои од погони за пресување, за заварување, лакирница, монтажа, специјализирана линија за возила со електричен погон и друго. Машините што ќе се користат потекнуваат од врвни производители во земјата и од странство, вклучувајќи фирми од Германија и Швајцарија. Нивото на автоматизација ќе биде повисоко од која било друга автомобилска фабрика.

Фабричките објекти претходно се изградени и опремени од страна на народната влада на општината Џингмен. Great Wall Motors ја купи оваа фабрика и ќе го трансформира погонот претходно наменет за СУВ возила, во погон во којшто дополнително ќе се произведуваат пикапи. Концернот воедно ќе инвестира во погони за компоненти за возилата, вклучувајќи седишта, опрема за ентериер и екстериер, делови за подвозје и делови од гума.

Производствената мрежа на Great Wall Motors ширум светот се состои од таканаречен систем 11+5. Осум фабрики се наоѓаат во Баодинг, Ксушуи, Тјанџин, Јонгчуан, Жанг Џиаганг, Рижао, Пинго и Таиџу. На тоа следат уште три прекуокеански фабрики во Тулскаја Објаст во Русија, Талегаон во Индија и Рајонг во Тајланд. Мрежата ја комплетираат пет фабрики во кои се врши завршна монтажа на готови модули (CKD).

Great Wall има важна соработка со BMW за локално производство на електрично Mini

Годинава во јуни започна изградбата на автомобилската фабрика Спотлајт, како заедничка инвестиција на Great Wall Motors и BMW, во Жанг Џиаганг, во провинцијата Џангсу. Со оваа фабрика, кинескиот концерн ќе може подобро да го сервисира домашниот пазар, но воедно си го олеснува и пласманот на своите возила на извозните пазари.

Со приклучувањето на фабриката во Џингмен, Great Wall Motors располага со четири производствени бази, по една во северниот, источниот, југозападниот и централниот дел од Кина. GWM на неодамна завршениот салон во Пекинг ја обвјави својата нова стратегија, со план да прерасне во автомобилски концерн што ќе конкурира во светски рамки.

>>> Тест · Haval H6 2.0 Supreme

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota mirai 2

Toyota со погон на водород чини 63.900 евра во Германија

De Tomaso стана американска марка

De Tomaso стана американска марка