за

De Tomaso стана американска марка

Повторно заживеаната италијанска марка на спортски автомобили De Tomaso го пресели седиштето во САД.

De Tomaso стана американска марка

Во последното тромесечје во 2022 година, од другата страна на големата бара се планира да стартува изработката на P72.

Новиот модел на легендарната италијанска марка беше претставен лани и за две години ќе почне да се изработува рачно во САД. Компанијата се решила за ваков чекор поради историската врска со американскиот пазар. Моделите на De Tomaso, имено, од 1959 година користеа мотори од Ford.

Во новиот модел P72 ќе работи 5,0-литарски V8 со механички компресор. За моќноста да се зголеми на повеќе од 700 КС ќе се погрижи американска тјунерска работилница.

Правата да располага со марката De Tomaso во 2014 година ги откупи Норман Чои, сопственик на Ideal Team Ventures. По пет години, компанијата го претстави P72, со ретро стил, по повод 60-годишнината на марката.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како основа за новиот модел на De Tomaso служи монокок школката на Apollo Intensa Emozione, автомобил што го произведува посестринската компанија Apollo Automobil. Планирано е моделот да се изработи во само 72 примероци.

>>> Враќањето на Bugatti пред враќањето на Bugatti: EB 110

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Great Wall отвори четврта голема фабрика во Кина

Great Wall отвори четврта голема фабрика во Кина

Осум од десет Европејци сакаат брз пробив на електричниот погон