Фабриката што е заедничка инвестиција на Great Wall Motors и групацијата BMW почна да се гради во Чжанцзиаган, во кинеската провинција Цзансу. Во проектот што се води како Spotlight Automotive ќе се произведуваат технолошки напредни електрични автомобили, вклучувајќи го Mini Electric.
Домашниот производител Great Wall Motors и групацијата BMW инвестираат вкупно 5,1 милијарди кинески јуани (околу 640 милиони евра) во заедничката компанија Spotlight Automotive. Сместена во провинцијата Цзансу, фабриката годишно ќе произведува до 150.000 возила.
Во присуство на високи политички претставници од Кина и Германија, договорот за заедничка инвестиција меѓу Great Wall Motors и групацијата BMW беше потпишан во јули 2018 година. Партнерите учествуваат рамноправно во Spotlight Automotive. Во фабриката ќе се произведуваат електрични возила, вклучувајќи го Mini Electric.
Во рамките на соработката се предвидува и заеднички развој на автомобили со погон на струја. Покрај Mini Electric, во иднина во фабриката ќе се произведуваат и различни модели на Great Wall Motors со електричен погон. Инвестицијата добива голема поддршка од локалните власти, кои се залагаат за „заеднички развој, производство во Кина и испорака на светскиот пазар“.
Сите начела на напредното производство ќе бидат испочитувани во фабриката на Spotlight Automotive. Менаџерите зборуваат за „интензивно искористување на површината на фабриката, интелигентно производство, сочувување на енергијата и заштита на животната средина“. Секако дека се вложува многу и во квалитетот. Целта е новите погони во Цзансу да постават високи стандарди како во локални, така и во глобални рамки.
Great Wall има градско електрично мини за 9.000 евра

















