за

Great Wall има градско електрично мини за 9.000 евра

ora r2
ora r2

Кинескиот гигант Great Wall основаше посебна марка Ora, што е специјализирана за развој и производство на чисто електрични автомобили. Новиот модел е R2, автомобил што со големината одговара со Toyota Aygo и според кинеските норми вози до 350 km со едно полнење.

Great Wall, еден од кинеските производители што имаат успешно присуство на нашиот пазар, пред две години ја основаше подмарката Ora. Името треба да асоцира на швајцарскиот математичар и физичар Леонард Ојлер, а ја означува марката што Great Wall ја специјализирашe за напредни електрични автомобили. Ora постигнува одлична продажба на кинескиот пазар со моделот R1, кој припаѓа во класата на VW up! и Toyota Aygo. Малечкиот електромобил сега добива придружба од новиот модел R2.

Во дизајнот на Ora R2 може да се препознаат влијанија од неколку автомобили, со силна инспирација од триото VW up, Seat Mii и Skoda Citigo во опашот, како и од Scion xB отстрана, а веројатно има уште неколку детали што ќе се откриајт отпосле. Во целина, малечкиот електромобил изгледа симпатично. Каросеријата е со пет врати, приклучок за полнење е изведен во двете предни крила.

Основата на возилото е платформата ME од помалиот модел R1. Должината на каросеријата е 3,63 метри, а релативно големото меѓуоскино растојание од 2,49 метри е убаво сведоштво за компактните димензии и флексибилноста на електричниот погон воопшто. Во споредба со R1, каросеријата е подолга 13 сантиметри, а меѓусокиното растојание пораснало за само 1,5 сантиметар.

Електромоторот располага со моќност од 35 киловати, досегот е 350 километри

Електромоторот е идентичен со R1 и располага со 35 киловати (48 КС) и вртежен момент од 125 њутнметри. Според кинеските норми, досегот со едно полнење изнесува 350 километри. Капацитетот на батеријата не се наведува во техничките податоци, но може да се претпостави дека и таа е идентична со R1 и вредноста изнесува 33 киловатчасови.

Бидејќи R2 е позициониран над R1, соодветно и цената на новиот модел е повисока. Како што наведуваат тамошните медиуми, со субвенциите во Кина, почетната цена на новиот модел изнесува околу 9.000 евра. Можноста електромобилите на Ora да се појават на европскиот, па и на македонскиот пазар, засега е мошне мала, главно поради тоа што производителот мора прво да го снабди домашниот пазар, кадешто електромобилноста напредува со рекордно темпо во светски рамки. Но, може да „навиваме“, за електричните автомобили на Great Wall да ги видиме наскоро и на нашите патишта.

>>> Great Wall ќе ги произведува електричните модели на Mini за Кина

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota RAV4 плагин хибриден погон

Toyota RAV4 задржува 70% од вредноста по две години

Mini ги развиваше 18 месеци карбонските крила за JCW GP

Mini ги развиваше 18 месеци карбонските крила за JCW GP