Семејна компанија основана во 1934 година во германската сојузна покраина Шлезија-Холштајн излегува во пресрет на иницијативата на властите за проширување на шумските површини. Компанијата Антон Вилер уште во линатото лето стекна површини на кои од годинава ќе почне да расте нова шума. За почеток се обезбедени 23 хектари шума.
За секој продаден кубен метар гориво, преку своите 30 станици за гориво под фамилијарното име Вилер, компанијата од средината на месецов ќе создава по еден метар квадратен нова шума. Во првата година се планира површината да достигне 70.000 метри квадратни. Се садат видови дрва што се вообичаени во регионот. Шумата нема да биде наменета за стопанисување. Прво се сади во регионот на градот Хајде, кадешто и шумата е најмногу проретчена.
Овој чекор на компанијата наиде на одушевување и кај покраинскиот премиер Даниел Гинтер, кој го вклучи проектот под владино покровителство. Сопственикот на компанијата, Георг Милер: „Како дистрибутер на горива, свесни сме дека имаме голема одговорност да се погрижиме за климатска компензација.“ Компанијата воедно се обврзува дека трошоците за шумата, кои се во петцифрено подрачје, нема да ги префрли на сметка на потрошувачите. „Проектот ќе сé одвива се додека продаваме гориво.“
Станици на OMV во Романија користат струја од сонце

















