за

Google нема намери да станува голем производител на автомобили

Шефот на Continental ја објаснува намерата на Google, откако интернет-гигантот напредуваше далеку во проектот со роботизираните автомобили. Според Елмар Дегенхарт, целта е производителите да се провоцираат на помасовно користење на интернетот во автомобилите.

Шефот на добавувачот на автомобилската индустрија Continental, Елмар Дегенхарт, цени дека интернет-гигантот Google нема планови да станува вистински производител на автомобили. „Не верувам дека Google воопшто има сериозна намера да произведува автомобили“, изјави шефот на добавувачот на автомобилската индустрија и производител на пневматици. Според Дегенхарт, моќниот американски концерн има други планови.

„Google се обидува да се прошири на други деловни полиња и заинтересиран е да ги освои автомобилите како дополнителен извор на информации и податоци. Автомобилите денес се најголемата бела дамка во користењето на интернетот.“ Тука е целта на Google.

Три милијарди корисници на интернет во светот

Дегенхарт наведува дека денес во светот постојат околу 3 милијарди корисници на интернет. Тие дневно се во просек по 3 часови на мрежата. „Оттука произлегуваат околу 9 милијарди кориснички часови на интернет дневно. Секој кориснички час е од интерес за интернет индустријата, за реклами и слично. За сите понудувачи што го користат интернетот, тука се работи за пазар вреден милијарди.“

Scooters in SydneyНаспроти тоа, постојат 1 милијарда патнички автомобили и доставни возила, коишто во просек се користат по еден час дневно. „Тоа дава теоретски дополнителен потенцијал за користењето на интернетот од уште една милијарда кориснички часови на ден – под услов сите да возат автоматски и да користат интернет за тоа време. Но, дури и само мал дел од тоа би бил интересен за интернет индустријата.“

Тоа објаснува зошто Google работи на роботизирани автомобили и зошто мобилноста во мрежа ужива висок приоритет. „Тоа е една од најзначајните причини зошто Google врши притисок врз автомобилската индустрија, за таа конечно да реализира поголем степен на автоматски функции во возењето. Тие го прават тоа мошне вешто и во исто време ги градат имиџот и репутацијата како технолошко претпријатие“, аргументира Дегенхарт.

Роботизираните автомобили уште се далеку во иднината

Continental испорачува компоненти за роботизираните автомобили на Google, кои интернет гигантот веќе подолго време ги тестира во САД. Тие не само што возат со автопилот, туку и каква било асистенција од возачот. Но, Дегенхарт смеа дека роботизираните автомобили се далечна иднина. „Во следните 10 или 15 години нема да видиме роботизирани такси возила без волан и педали во Њујорк. Тоа е научна фантастика, тоа се соништа. Сообраќајните услови се премногу сложени и непредвидливи во таа средина.“

IMG_3819Покрај Google, амбиции за автомобилите има и Apple. Постојат гласини дека постои тајна соработка со Continental. Деганхарт коментира: „Кога фирмите како Apple ќе се решат да произведуваат автомобили, ние како системски лиферант би биле заинтересирани да склучиме зделки со нив.“ За тоа постои само еден услов: Испорака за клиенти може да се реализира само таму каде што Continental нема да си конкурира сам на себе.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan бара британската влада да воведе сообраќаен знак за полнач за струја

Audi S8 ги предизвикува суперспортските купеа со своите 605 КС