за

General Motors продаде повеќе возила во Кина од Volkswagen

Американскиот гигант и во првата половина од годинава продаде повеќе возила на најголемиот пазар за автомобили од Volkswagen. До 2016 година, обата конкуренти ќе инвестираат над 18 милијарди евра во нови фабрики во Кина.

Гигантот General Motors ја зголеми продажбата во Кина првенствено со големиот интерес за возилата од марките Buick и Cadillac. Во првото полугодие Volkswagen ја зголеми продажбата за 19 проценти, на 1,54 милион возила, додека General Motors во истиот период постигна продажба на 1,57 милион возила, при што за разлика од Германците, во оваа бројка не влегуваат Макао и Хонгконг.

Кинескиот пазар е важен за обата концерна. General Motors до крајот на годината ќе понуди нови и освежени модели на кинескиот пазар, со цел да го задржи растечкиот интерес за моделите од неговите марки и да ја зголеми продажбата. Конкурентите најавија и зголемување на локалните производствени капацитети. До крајот на 2016 година Американците ќе инвестираат 8,4 милијарди евра во нови фабрики во Кина, додека Volkswagen до 2015 година да вложи 9,8 милијарди евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ќе произведе дополнителна серија од еднолитарскиот автомобил

Зборувачки автомобили наскоро во серија