
Смешата од мелени оклопи од школки со земја и цемент првпат е користена на локален пат во Потињи, Нормандија. Правта се поставува како подлога, пред да се нанесе асфалтниот слој.
„Правта од оклопи од школку се состои од чист калциум карбонат. Тоа е состојка што се среќава и во цементот. Со нејзината примена, можеме да замениме дел од цементот“, изјави Ерве Думонт, надлежен за псоебни проекти во Ефаж Рут, за францускиот телевизиски канал ТФ1. Не е познато колкав е уделот на правта од школки во целата смеша. Цементот во проектот нема да се заменува целосно со оваа прав.
Школките прво мора да се исчистат и иситнат. Тие се донесуваат од пристаништето Порт-ен-Бесин-Убен во демартманот Калвадос, што е оддалечено околу 80 километри. Преработката се врши во фабрика на Калифос во Колембер, на северот на Франција. Школките таму се мелат во прав, со честички со големина од околу 30 микрометри. Тоа се три стоти делови од милиметар.
„Правта е поситна од талк,“ изјави претставник на Келифос за ТФ1. Благодарение на единствената големина на честичките, материјалот лесно се меша со останатите состојки.
Во фабриката годишно се преработуваат околу 2.000 тони оклопи од школка. Овој материјал досега се одложуваше. Таа се наоѓа во близина на Булоњ сур Мер, важно место за француската рибарска индустрија. Таму се создаваат големи залихи од школки.
Локалниот пат покрај Потињи во почетокот ќе служи само за тестирање. Во следните три години ќе се проверува издржливоста на носечкиот слој и отпорноста на влијанија од сообраќајот, мразот и дождот.
Дали постапката ќе се користи и на други патишта, зависи од трошоците
Досега не се објавени податоци колку чини смешата. Покрај подготовката, мора да се земат предвид превозот од пристаништето до фабриката, а потоа до градилиштето. Неколку француски демартмани се заинтересирани за постапката. Засега нема најави за други проекти.
Оклопи од школки и досега се користени за тротоари
Користењето оклопи од школки како градежен материјал не е новина во Франција. Во Вимеро, на брегот на Ламанш, материјалот веќе се има користено за изработка на коцки за поплочување. Во Франција годишно се конзумираат околу 150.000 тони школки. Но, оваа количина е недоволна за да се применува помасовно во градежништвото.
Школките мора да се собираат на соодветни места, да се чистат и да се транспортираат соодветно.
Уште не е утврдено дали при добивањето на суровината се создава помалку ЦО2 отколку кај вообичаената смеша. Точно е дека се смалува уделот на цементот, но мора да се смета на енергијата што ќе се потроши за чистење и ситнење, како и за транспортот.















