за

Тајвански Foxconn: Производителот на iPhone ги прикажа своите автомобили

Foxconn прикажа прототипи на пикап и кросовер со коишто ja заокружува идната понуда од електрични возила. Тајванскиот гигант во електроиндустријата меѓу другото е познат по топа што во своите фабрики произведува iPhone и останати производи на Apple.

Производителот на iPhone, тајвански Foxconn, на посебен настан во Тајпеи, премиерно ги претстави двата нови електрични модели, коишто сведочат за силната посветеност на компанијата, да се вклучи во автомобилскиот пазар и да ѝ конкурира на Tesla.

Компанијата Foxconn, чијшто главен огранок е Hon Hai Precision Industry, на настан во Тајпеи ги прикажа кросоверот именуван Model B и пикапот Model V. Основачот на Foxconn, Тери Гоу (72), лично се довезе со Model B на бината. Според најавите на претседателот на Hon Hai, Јунг Лиу, пикапот ќе се проиведува во Тајван, Тајланд и во САД.

Foxconn се надева дека и во автомобилската индустрија ќе го повтори успехот, како во монтажата на електроника, каде што ужива место на најголем партнерски производител за Apple, но и за бројни други марки. Целта е да се произведуваат електрични автомобили по налог за клиенти, но без план за возилата да се продаваат под сопствена марка.

Откако во 2020 година ги објавивме нашите планови за производство на електрични автомобили, многумина прашуваа дали Foxconn може да произведува автомобили“, кажува Лиу. „Кога една година подоцна откривме три модели, сите се прашуваа, како успеавме да развиеме три модели за само една година. Тоа е брзината со којашто ние работиме.“

Ниту еден од моделите што Foxconn ги прикажа досега не се наменети за продажба, туку се само дизајни за пример, со намера компаниајта да го покаже потенцијалот да работи за големи марки. Прототипот Model C што беше прикажан претходно, сега е автомобил од сериско производство, што се води под моделската ознака Luxgen n7 и го продава тајванскиот производител на автомобили Yulon Group.

Foxconn Model B

New item by Automedia MK / Google Photos

Лиу посочува дека експертизата на Foxconn во управувањето со синџирот на добавувачи му дава предимство при развојот на нови модели и му овозможува да биде побрз од ривалите. На прашање кога бројот на произведени автомобили во Foxconn ќе биде поголем од продукцијата на Tesla, Лиу одговори дека се надева еден ден да произведува автомобили за американскиот гигант.

Foxconn Model C

New item by Automedia MK / Google Photos

Model B, којшто ја користи истата платформа како Model C, дизајниран е во легендарната италијанска Pininfarina. Кросоверот поседува стаклен покрив по целата должина и со полна батерија вози 450 километри.

Foxconn открива дека развива и сопствени батерии со цврст елеткролит

Тајванската компанија ја создаде Foxtron Vehicle Technologies во 2020 година, како заедничка инвестиција со Yulon. Меѓу бројните активности што следеа, спаѓа и купувањето на фабриката на Lordstown Motors во Охајо, со цел да се создаде американска база. Во меѓувреме беше лансирана и „отворена“ платформа за електрични автомобили и се потпиша договор за производство со Fisker.

Foxconn Model V

New item by Automedia MK / Google Photos

Побарувачката за електрични автомобили бележи огромен раст. Купувачите ја прифаќаат технологијата, соодветно реагираат и сите влади ширум светот. Сето тоа доведе до глобално задвижување на технолошките и автомобилските компании во насока на електромобилноста.

Foxconn повеќе цели кон пазарот во којшто владеат агресивни ривали од ковот на Tesla, кинески Nio и BYD, секако и Xpeng. Меѓу новите партнери се вбројува и Xiaomi.

New item by Automedia MK / Google Photos

Постои голема неизвесност, како неодамнешниот потег на администрацијата на Бајден, за ограничување на извозот на микрочипови за Кина, ќе влијае врз глобалното производство на електрични автомобили. Xpeng предупреди дека тие ограничувања можат многу да им наштетат на кинеските производители на електрични возила.

Производителот на iPhone ќе користи техника од BMW за своите автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel прави традиција со доброто седење во своите модели

Spectre е најаеродинамичниот Rolls-Royce во историјата