Производителот на iPhone ќе користи техника од BMW за своите автомобили

Има многу детали за дообјаснување околу насловот и понасловот на оваа вест, кои на многумина ќе им звучат како првоаприлска шега. Но, сé е вистина.

Тајванската компанија за технологија Foxconn преговара со инвеститор од Саудиска Арабија, за во земјата да се изгради фабрика во којашто ќе се произведуваат електрични автомобили. Техничката основа за тие возила ќе се набавува од BMW.

Станува збор за многу комплициран потфат, имајќи предвид дека учествуваат тајвански техно-гигант што во светот е познат како производител на Apple iPhone, потоа производител на премиум автомобили од Баварија, и секако, држава што е синоним за нафта, во чиста спротивност со електричниот погон.

Од друга страна, Саудиска Арабија е во исклучително голема мера зависна од бизнисот со нафта и тоа мора да се промени од корен. Стратегијата на земјата предвидува производство на електрични автомобили. Клучен интерес е да се привлечат моќни компании што ќе обезбедат основа за воспоставување на национална автомобилска индустрија.

Најпродаваните играчки конзоли во светот се произведуваат во Foxconn, oдносно Hon Hai

Според индустрискиот гласник Automotive News, Саудиска Арабија започнала преговори со тајванската Foxconn Technology Group. Најголемиот работодавец во Тајван произведува за најпознатите компании од САД, Канада, Кина, Финска и Јапонија, вклучувајќи ги Amazon, Cisco, Sony, Nokia, Xiaomi и уште бројни компании. Во последните години, Foxconn почна да покажува заинтересираност за производство на автомобили. Веќе се претставени два модели на електрични автомобили под марката Foxtron, развиени во соработка со Stellantis и Fisker.

Foxconn во проектот во Саудиска Арабија ќе биде во улога на добавувач на софтвер и партнер за развој на електронската архитектура на новите електрични автомобили, што ќе се развиваат во рамките на заедничкиот проект. Техничката основа за тие возила ќе се обезбедува под лиценца на BMW. Тоа и не е толку необично во денешниот автомобилски свет, затоа што и виетнамскиот Vinfast стартуваше слично.

Плановите уште се на ниво на шпекулации и од компаниите немаат излезено со официјално соопштение. Но, нема ниту деманти дека се водат преговори.

>>> Лон-производителот на iPhone ќе го спасува Byton

Претходна објаваBMW XM е параден коњ за моделот за 50 години M GmbH
Следна објаваИлон Маск продолжува да ги продава своите акции во Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here