Милијардерот и техно-визионер Илон Маск продолжува со продажба на своите акции во Tesla. Последниот пакет акции е вреден околу една милијарда долари.
Шефот на Tesla, Илон Маск, повторно продаде дел од акциите што ги поседува во автомобилскиот концерн. Претприемачот отуѓи 934.000 вредносни хартии за една милијарда американски долари. Веста беше објавена синоќа по задолжителната пријава што се испраќа до берзанскиот надзор во САД.
Маск досега се збогува со околу десет милиони акции во Tesla, во вкупна вредност од 11 милијарди долари, односно околу 9,6 милијарди евра. Основачот на Tesla во почетокот на ноември почна да ги продава своите акции во компанијата што ги произведува ценетите електрични автомобили. По гласањето на твитер-заедницата, Илон Маск ќе се откаже од една десетина од своите 17 проценти удел во Tesla.
Милијардерот побара заедницата на твитер да гласа, дали тој да се откаже од 10 проценти од својот удел во Tesla, за да плаќа повисоки даноци. До постигнувањето на оваа цел, Маск мора да продава уште акции во Tesla. Тој е најголемиот единечен акционер во компанијата.
Твитер заедницата побара Маск да продаде 10% од своите акции во Tesla, за државата да наплати данок за неговиот имот
Шефот на Tesla важи како најбогат човек на планетата, со капитал во вредност од 285 милијарди долари. Неговото богатство сепак се темели на акционерски удели, што треба да се продадат за да бидат оданочени.
>>> Историска пресвртница, Tesla Model 3 е најпродаван автомобил во Европа
















