Техничарите на Ford немаат потреба да патуваат по светот за тестирање на возилата во екстремни климатски услови. Во климатската лабораторија на Флорида, тие можат да тестираат од +40 до -40 степени Целзиусови.
Возилата на Ford од сите категории, од најмалечката Fiesta до големите американски пикапи од серијата F мораат еднаш годишно да ги поминат тестирањата во екстремни климатски услови. За тоа служи климатската лабораторија McKinley, најголема од овој вид во светот, во состав на воздушната база Еглин, кадешто обично се тестираат борбените авиони на американското воено воздухопловство. Гигантската комора се наоѓа на Северозападот на Флорида, но топлата клима во овој регион воопшто не влијае врз резултатите од тестирањето. Инженерите на Ford тука можа да постигнат температури до -40 степени Целзиусови за само десет часови.
[pull_quote_right]Преку тестирањата во климатската лабораторија, Ford доби сознанија дека на пример е подобро решение за приклучоците да се користи керамика и злато, место метал, за моторот да стартува посигурно во услови на екстремен студ.[/pull_quote_right]
Лабораторијата за сите климатски услови им овозможува на инженерите да ја проверат отпорноста на возилата на климатски влијанија во секоја фаза од нивниот развој, без потреба целиот тим постојано да патува низ светот за да најде соодветни природни услови. На тој начин, со можноста за тестирање на 75 прототипи од секоја големина, времето за развој се скусува на три недели.
Во нафтените наоѓалишта во Аљаска, пикапите од серијата F на Ford, не претставуваат само превозно средство, туку поради топлата кабина за „сокривање“ воедно нудат и сигурност за вработените. Во лабораторијата се вршат повеќенеделни тестирања на работата на моторите во место, во температурен дијапазон од +40 до -40 степени Целзиусови, исто како и проверка на својствата при изложеност на студ на 13 најразлични видови на горива во светот.
















