Форд го запре производството во Романија, нема струја

Фабриката на Форд во Романија ќе мирува најмалку до 19-ти август, соопшти премиерот Илие Боложан. Земјата се соочува со голем недостиг од струја, откако нуклеарните реактори мораше да се стават во мирување, поради сушата.

Запре производството на Форд Пума Ген Е во фабриката во Крајова, Романија.

Форд во фабриката во Крајова, на 230 километри западно од Букурешт, ги произведува малечкиот кросовер Пума и ванот Транзит Турнео Куриер.

Романија и соседот Унгарија се соочуваат со енергетска криза, откако жештината и сушата предизвикуваа опаѓање на нивото на водата во реката Дунав, којашто се користи за разладување на нуклеарните реактори.

Романија на 3-ти август примени 180 килограми експлозив, за да урне цела карпа и да го зголеми дотокот на вода од реката Дунав што се користи за разладување на единствениот нуклеарен реактор што е активен во земјата.

Нуклеарелектрика, производител на нуклеарна енергија во државна сопственост, што во нормални времиња покрива една петина од вкупната продукција на електрична енергија во земјата, затвори еден од своите два реактори, откако падна нивото на реката.

Најголемите реки во Европа, коишто се од суштинска важност за тешката индустрија на континентот, прешусуваат во долготрајната серија топлински бранови.

Во жешкото и сушно лето што е несвојствено за Европа, падна нивото на реките Рајна и Дунав, откако антициклонските движења ги запреа облаците и го оневозможија дополнувањето на нивните сливни подрачја.

Нивото на реката Рајна во германскиот град Кауб, којшто е важна крстосница за бродовите што патуваат кон јужна Германија и Швајцарија, падна на 25 сантиметри, како што последен пат се случи при сушата во 2018 година.

Во мирување мораше да се стави и фабриката на Дачија во Питешт, исто така на околу 200 километри оддалеченост од Букурешт.

Претходна објаваФерарито на Мајк Тајсон оди на продажба, се очекуваат најмалку седум милиони долари
Следна објаваКинезите го јадат колачот на традиционалните производители, кој губи најмногу?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here