Ферарито на Мајк Тајсон оди на продажба, се очекуваат најмалку седум милиони долари

Ферари Ф50 е произведен во само 349 примероци и тоа прави автомобилот да биде уште повреден. Името на сопственикот додава уште повеќе вредност на овој Ф50.

Колекционерите на Ферари имаат посебна слабост кон еден модел, тоа е Ф50. Наддавачката куќа РМ Сотби има за продажба примерок од овој модел, којшто се вбројува меѓу најценетите суперспортски автомобили од 1990-те, а дополнително е важен и поради неговиот прв сопственик: Прочуениот боксер Мајк Тајсон.

Ферари Ф50 спаѓа во кралската класа меѓу автомобилите и без да има познат сопственик, што ќе ја качи вредноста. Но, токму името на првиот сопственик на овој автомобил што наскоро оди на надавање, значително ја качува цената. Неговото име е Мајк Тајсон, еден од најпознатите боксери и светски првак во тешка категорија.

Ферарито Ф50 на Мајк Тајсон е 73-ти произведен примерок во серијата од 349 возила

Тајсон во тоа време беше на врвот на својата кариера, по неговото враќање на рингот. Откако во 1996 година си го врати насловот на светски првак, „железниот Мајк“ си нарача црвено Ферари, еден од најскапите суперспортски автомобили. Боксерот сепак не го задржа Ф50 долго во својот возен парк и уште во истата година го даде на продажба. Но, и тој кус период е доволен, за вредноста на овој Ф50 да се качи.

Ферари го изработи Ф50 во 1995 година, во чест на одбележувањето на 50-годишнината. Десет години пред тоа, Маранело го пушти Ф40, што остави уште подлабоки траги во историјата. За разлика од него, Ф50 се потпираше на техника од болидите на Ферари во Ф1 во уште поголем обем.

Срцето на Ф50 е 4,7-литарски мотор Ве-12, што влече корени од моторите на Ферари во Ф1 во раните 1990-ти години. Моќноста од 513 КС е одушевувачка вредност и во денешно време.

Сите подрачја на автомобилот претставуваа врв, вклучувајќи ја школката од карбон, каросеријата од карбон, кевлар и номекс. Посебност беше остранливиот тарга-покрив. Автомобилот важи како еден од најчистите претставници на марката, во серијата модели од Ф40 до Енцо.

Маранело изработи само 349 примероци. Некогашниот автомобил на Мајк е 73-ти во серијата и еден е од само 55 што се изработени за САД.

Ferrari F40 како предводник на серијата, заедно со F50, Enzo и LaFerrari

Малку возен, сé е оригинално

Наддавачката куќа РМ Сотби наведува дека Ф50 има поминато само 6.196 милји, односно 9.972 километри. На колекционерите им е посебно важно тоа што примерокот во 2008 година има добиено сертификат за сочуван и вреден историски модел на Ферари. Тоа потврдува дека моторот, менувачот и каросеријата се во фабричка состојба.

На наддавањето на 15-ти август во Монтереј, САД, се очекува Ферарито на Мајк да постигне вредност меѓу седум и девет милиони долари.

Ферарито на Тајсон е третиот најскап автомобил од марката на наддавањето

Повеќе од Ферарито на Тајсон се очекува од уште два модели. За 288 ГТО од 1985 година се очекуваат меѓу 9 и 11 милиони долари, а тоа треба да го надмине Дајтона СП3 од 2023 година, трет автомобил во серијата Икона, со очекувани 10 до 12 милиони долари.

Претходна објаваТри од четири електрични автомобили од ЕУ имаат батерија од Азија
Следна објаваФорд го запре производството во Романија, нема струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here