Европските производители на автомобили речиси целосно зависат од увозот на батерии и делови за електричен погон од Кина и Кореја за своите електрични модели. Во минатата година, 77 проценти од ќелиите од коишто се состојат батериите за електрични автомобили биле произведени во Азија. Една година пред тоа, квотата изнесувала 70 проценти.
Студијата што во понеделникот ја објавија консултантите на угледната Делоат, укажува дека европското производство на електрични автомобили е во пресудна мера зависно од увозот на батерии за нив. Батеријата е најважниот и најскап единечен дел на еден електричен автомобил и компаниите што немаат сопствено производство на батерии, губат милијарди евра за истите да ги увезат.
„Европската зависност, посебно од кинеските производители на батерии, расте и натаму, достигнувајќи висока вредност,“ објавија Делоат. Во минатата година, според нивната студија, 77 проценти од ќелиите што се вградувани во батериите за електрични автомобили, произведени се во Азија.
Во 2024 година, уделот пак изнесувал високи 70 проценти
Европа во моментов учествува со само 13 проценти во вкупната продукција на батерии во светот. Покрај тоа, 98 проценти од производствените капацитети за батерии се под контрола на азиски компании, посочуваат Делоат. И во 2024 година, биле 97 проценти.

Експертите ценат дека уште не е предоцна за Европа
Побарувачката за батерии ќе продолжи да расте. Делоат пресметаа дека во 2030 година, производството на електрични автомобили во Европа ќе достигне 28 милиони возила. Тоа значи дека соодветно ќе расте и побарувачката за батерии. „Доколку тукашните компании за батерии не почнат да произведуваат сами, во следните четири години ќе пропуштат добивка во висина од 10,5 милијарди евра.“
„Батериите ги одредуваат досегот, моќноста и цената на електричните автомобили“, објаснува Харалд Проф, раководител во автомобилскиот огранок во Делоат. „Доколку европските производители не се конкурентни тука, продажбата во иднина ќе биде сé понеизвесна.“ Браншата и политиката мораат „заеднички да го сменат текот“.
Стручните лица ценат дена уште не е предоцна: „Производството на батерии денес е долгорочен облог, што европските компании уште можат да го освојат,“ порачува Проф. Се истражуваат нови технологии, „но, проблемот е во финансирањето и во индустријализацијата“. Тоа значи дека инвестициите и субвенциите мораат да ја покријат не само развојната фаза, туку и работењето во првите години во коишто е неопходен масивен капитал.
Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж
До студијата на Делоат
https://www.deloitte.com/de/de/Industries/automotive/research/european-battery-sovereignty.html
















