Ford S-Max со темпомат што спасува од казна за пребрзо возење

Интелигентниот темпомат му помага на возачот да не го „заборави“ брзинското ограничување на патот

Брзинското пречекорување може да повлече непријатни последици, како парична казна или забрана за возење. Ford има нова технологија што го спасува возачот од пречекорување на брзината.

Возачите на Ford добиваат на располагање нова технологија којашто му помага на возачот да остане во дозволеното брзинско подрачје. Системот функционира во секоја држава и премиерно се вградува во новата генерација на спортскиот ван S-Max. Брзината во моделите на Ford досега можеше да се ограничи со помош на т.н. приспособлив ограничувач на брзината. Овој систем работи „поинтелигентно“ во новиот S-Max. Тој ја чита дозволената брзина на сообраќајните знаци на патот и ја приспособува брзината соодветно на тие податоци. Во моделите со систем за навигација дополнително се земаат во предвид и податоците за брзинското ограничување што се добиваат преку навигацијата.

Камера ги чита брзинските ограничувања на сообраќајните знаци

ford s-max tempomat
Интелигентниот темпомат е од голема помош особено при возење во непозната сообраќајна средина, кога вниманието на возачот е посветено првенствено на следењето на точната рута

Системот се вклучува преку копчињата на воланот и се мести саканата крајна брзина. Интелигентниот темпомат ги чита сообраќајните знаци преку камерата што е вградена во ветробранот. Додека максималната дозволена брзина е пониска од вредноста што ја има наместено возачот, системот самостојно ја приспособува брзината. Притоа не се активираат сопирачките, туку се намалува моќноста на моторот.

На тој начин се постигнува хармонично забавување. Доколку брзината се зголеми прекумерно при спуштање по надолнина, се вклучува звучно предупредување, за возачот да го потсопре темпото. Кога сообраќајните знаци ќе дозволат побрзо темпо, интелигентниот темпомат дозволува забрзување до лимитот. Возачот може во секое време да го исклучи системот со посилно притискање врз педалот за гас. Европскиот старт на продажбата на новиот Ford S-Max е во септември.

Претходна објаваВистинскиот коктел за моторот: Редовна проверка на течноста за ладење
Следна објаваАвтомобилот со погон на водород на Hyundai чини 65.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here