Ford Mustang Apollo Edition во чест на мисиите во вселената

Вселенската програма Аполо послужи како инспирација за овој уникатен Ford Mustang, кој ќе биде понуден на наддавање. Ford по традиција ги донира средствата во истражувачки програми во астронаутиката.

Осма година по ред, компанијата Ford создава уникатен примерок од Ford Mustang, со цел да ги подржи истражувачките програми во астронаутиката. Apollo Edition Mustang ќе биде понуден на наддавање на 23-ти јули, во рамките на аерособирот во Ошкош, кој е најголем собир од ваков вид во светот. Сите средства од продажбата на уникатниот Mustang се наменети за истражувачки и едукативни програми, вклучувајќи ја и програмата на „Млади орли“ која од 1992 година овозможи 1,9 милион млади лица да направат бесплатни пробни летови. Ford е есклузивен автомобилски спонзор на аерособирот Ошкош 2015, кој ќе се одржува меѓу 20 и 26 јули на аеродромот Витмен/Ошкош во американската сојузна држава Висконсин.

Каросерија во бело-црна комбинација во стил на вселенските летала од програмата Аполо

Основа на возилото е Ford Mustang GT со петлитарски V8, бојадисан во сјајна бела боја и ексклузивна црна боја, како инспирација од програмата Аполо на НАСА. Меѓу надворешните белези на Apollo Edition Mustang е преден сплитер, заден дифузор и прагови изработени од карбон, како и уникатно осветлување во подот, што го симболизира враќањето во атмосферата. Интервенирано е и во срцето на Mustang. Вграден е механички компресор Ford Performance и спортска кулиса на менувачот, заедно со вкрстен издувен систем со издувни цевки отстрана и назад. Подвозјето е дополнително скрутено, вградени се сопирачки Brembo со шест клипови и бандажи Forgiato од 21 инч, изработени по специјална нарачка. Овој Mustang испорачува 627 КС, што е доволно на новиот сопственик да му обезбеди чувство како на лансирна рампа.

Претходните седум примероци од Mustang достигнаа вредност на наддавањата од вкупно 3 милиони долари. Последен во серијата беше F-35 Lightning Edition II Mustang од 2014 година, со дизајнерски елементи инспирирани од борбениот авион F-35 Lightning.

Претходна објаваBMW X1: Баварците го почнуваат новиот круг натпревари меѓу компактните теренци
Следна објаваHonda Civic Type R како награда за рекорд на Нирбургринг – На симулатор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here