Три недели работа, 40.000 коцки и многу трпение, сето тоа беше потребно да се состави лего-верзија на Ford GT, како еден од најголемите претенденти за победа на претстојниот 24 часа Леман.
Ford GT составен од десетици илјади лего-коцки и трипати помал од оригиналот ќе биде изложен на легендарната тркачка патека „де ла Сарт“ на 18-ти и 19-ти јуни, покрај лего-верзија од првата генерација на Ford GT40. Марката со синиот овал влева големи надежи дека на претстојната маратонска трка 24 часа Леман ќе го повтори успехот од пред точно половина век, кога GT40 ги декласираше конкурентите со целосна „опсада“ на победничкиот пиедестал.
Верзијата од лего-коцки од актуелниот модел го носи бројот 66 и бројни детали од оригиналниот автомобил, вклучувајќи ги истите зелени ретровизори и визорот на ветробранот.
Тимот Ford Chip Ganassi Racing годинава ќе учествува со два примерока од Ford GT во светскиот шампионат на долги патеки на FIA и со уште два примерока во серијата IMSA. Над двесте илјади посетители се очекуваат на патеката во претстојниов викенд. Двата болида во WEC ќе стартуваат под броевите 66 и 67, додека другите два болида во серијата IMSA ќе имаат броеви 68 и 69, во чест на победите на Ford во 1966, 1967, 1968 и 1969 година.
[FAG id=24769]
















