за

Ford Focus ST ќе добие и дизелски мотор

Во новата генерација на спортскиот модел за прв пат ќе се нуди и верзија со дизелски мотор. Ford најави премиера на уште неколку спортски модели.

Спортската верзија ST на освежениот Ford Focus ќе биде претставена наскоро, според најавите од Рај Наир, развојниот шеф на фирмата. За прв пат во гамата на Focus ST ќе се нуди и модел со дизелски мотор. Продажбата на новиот Focus ќе стартува наесен, а во почетокот на 2015 година ќе следат и спортските модели.

Дизелскиот Focus ST ќе има дволитарски мотор со 185 КС и потрошувачка од 4,4 литри дизел. Соовој мотор, спринтот до сто ќе трае помалку од осум секунди. Моментот на воведувањето на дизелот ќе се искористи и за зголемување на силината на бензинскиот ST, приистовремено намалување на потрошувачката за седум проценти. Актуелниот дволитарски турбо има 250 КС и просечна потрошувачка од 7,2 литри.

Во кулоарите се зборува и за наследникот на Focus RS, којшто во последната генерација возеше со 350 КС и го постави рекордот на најбрз круг на патеката во Нирбургринг во неговата класа.

Повеќе мускули ќе покажува и Fiesta. Просторот меѓу трицилиндарскиот турбо со 125 КС и моделот ST со 182 КС ќе се пополни со нова верзија на еднолитарскиот мотор од семејството Ecoboost со силина од 140 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Строгите еко-норми ќе ги поскапат идните модели за 3.000 евра

Кореа Ауто Трејд во традиционална хуманитарна акција