за

Кореа Ауто Трејд во традиционална хуманитарна акција

Општествената одговорност е реткост кај македонските компании. Во Кореа Ауто Трејд, хуманитарните акции веќе прераснаа во традиција. Фирмата донира во детскиот завод Кочо Рацин во Битола.

Како продолжување на минатогодишниот проект кога беше извршена реконструкција на дел од санитарните јазли, туш кабини и просторија за дневен престој во делот од центарот каде што децата го поминуваат најголемиот дел од своето време, оваа година се инвестираше во реконструкција на спортската сала која ја користат децата резиденти.

Исто како во претходно реализираниот проект, Кореја Ауто Трејд вложи напори да ја избере вистинската институција за донирање средства за подобрување на условите за живот на децата со посебни потреби. Компанијата на крајот повторно се реши за „Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – Кочо Рацин” во Битола, поради незадоволителните услови за учење, рехабилитација и живот на децата од овој центар.

Лошата состојба на автомобилскиот пазар не го поколеба увозникот на Hyundai да вложува повторно во хуманитарни цели, со надеж дека нивниот пример „ќе влијае на чувството за општествена одговорност, првенствено кај останатите дистрибутери на возила, а воедно и кај другите компании во Македонија“ – пишуваат во денешното соопштение за печат од компанијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus ST ќе добие и дизелски мотор

Работниците на Dacia демонстрираат за изградба на автопат